ОПИС

Оригинален наслов: (ВИДЕО) Воената моќ на Русија е кошмар за НАТО!

Авторот на текстот наведува дека “покрај тоа што е површински најголема држава во светот,” Русија е и една од најмоќните воени сили. Во 2010 година, повикувајќи се на податоци од Меѓународниот Институт за стратешки студии (IIS), Русија имала 1.027.000 активни војници, и околу 2.035.000 резервисти. На крајот од статијата се наведува дека независно “дали поради нејзината големина и геостратешка положба или поради моќта на нејзината армија”, Русија е кошмар за НАТО. Во прилог на текстот е објавно и видео насловено како “ Руска војска – Кошмар за НАТО”.Линк до архивираниот оригинален натпис може да го најдете тука.

ФАКТ/И

Според податоци објавени на нивниот вебсајт, порталот Мисија24.ком, е “воен сајт кој се занимава со следење на сите актуелни случувања во светот на ВОЕН и БЕЗБЕДНОСЕН план.” На нивниот веб сајт нема истакнато импресум и, при истражување на содржината на статиите кои тие ги објавуваат, забележавме дека во истите доминира наративот за руската “воена супериорност”, како и анти-САД и анти-НАТО наративот.

Апсолутна лага е дека Русија е кошмар на НАТО. Северноатлантската Алијанса поседува воено-технолошки одбрамбени капацитети да одговори на секаков вид на закана или евентуална агресија од страна на Русија врз било која земја-членка на НАТО. Поточно, соодносот на силите помеѓу НАТО Алијансата и Русија изнесува 3,44 : 1.

Авторот на текстот, од непознати причини, користи податоци кои се стари 10 години, наместо да ги користи најновите податоци од истоимениот извор за 2019 година. Според официјалните податоци на “Воен Баланс 2019”, издаден од страна на Меѓународниот институт за безбедносни студии, активниот состав на одбраната на Русија изнесувал 900,000 припадници, што пак, е за три ипол пати помал од вкупниот број на припадниците на активниот состав на НАТО Алијансата (читај: 29 земји-членки). Вкупниот број на припадници на активниот состав само на европските земји-членки на НАТО е за два пати поголем од бројот на припадниците на активниот состав на Русија. Од друга страна, бројот на припадници на резервниот состав на Русија е за нијанса помал (96,000) од вкупниот број на припадници на резервниот состав на НАТО сојузниците.Според Меѓународниот институт за безбедностни студии и НАТО, вкупните буџетски трошоци за одбраната на НАТО сојузниците за 2018 година изнесувал над 970 милјарди УСД, што е речиси 16 пати повеќе од буџетските трошоци за одбраната на Русија. Во 2019 година, вкупните буџетските трошоци за одбраната на НАТО сојузниците изнесувале над еден трилион милиони УСД.Претставено во % од БДП, буџетот на одбраната на Русија во 2017 година изнесувал 4.233%, додека пак, во 2018 година изнесува 3.93%. Како што може да се забележи, Русија ги намалува буџетските трошоци за одбраната, додека пак САД и НАТО сојузниците издвојуваат речиси идентичен % од БДП за одбраната.Доколку се споредат податоците од првиот и вториот графикон, може да се утврди дека земјите-членки на НАТО, освен што се воено помоќни од Русија, тие се и економски по развиени земји од Русија.

Крајно, но не и последно, видеото објавено во прилог на текстот е превземено од сервисот “Јутјуб”, кое било објавено на 30 ноември 2018 година на Јутјуб каналот на “Воени Сили 21 Век” од Русија.Порталот Мисија24.ком во континуитет објавува статии со анти-САД и анти-НАТО наратив. Тимот на F2N2.mk  го цени овој текст како класичен пример на руска пропаганда, кој забрзано се шири преку Фејсбук. Имајќи предвид дека денес се одржува прославата на денот на победата над фашизмот (09ти мај), ваквите постови имаат за цел да ја претстават руската “воена супериорност” над САД и НАТО. Тимот на F2N2.mk препорачува податоците содржани во текстовите на Мисија24.ком да се земаат со резерва.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.