НЕ МОЖАМ ДА ДИШАМ

Целта, според експертите за дезинформации, е да се поттикне недоверба од обете страни на политичкиот спектар, наместо да се објавуваат лесно препознатливи лажни објави на социјалните медиуми. Пекинг започна да ги „покажува“ мускулите на платформи на западните социјални медиуми, и забележително е дека многу од нивните официјални претставници стануваат похрабри во тоа како го користат Твитер. Ова доаѓа директно од руски и кинески поддржани медиуми и официјални лица.  

Светот е фокусиран на Америка каде демонстрациите против расната неправда се разлеваат низ целата земја, што доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Сликите на хаос и уништување од градовите низ цела Америка не оставаат никого рамнодушен, и покрај тоа што кружат видеа и слики за полициска солидарност со демонстрантите. Протестите се одвиваат на глобално ниво со илјадници собири кои унифицирано извикуваат „Не можам да дишам“ во чест на Џорџ Флојд, Афро Американецот убиен минатата недела во притвор во Минесота.

Од Минеаполис до Сирија, уметниците го прикажуваат Џорџ Флојд преку мурали и јавни уметнички дела[1]. Сириските уметници Азиз Асмар и Анис Хамдун завршуваат фреска на која е прикажан Џорџ Флојд во северозападната провинција Идлиб[2].

[1] https://www.thisiscolossal.com/2020/06/george-floyd-global-murals/

[2] https://abcn.ws/2TWPRXy

Но, не секој е заинтересиран за солидарност со тековната криза во САД. Прелиминарните извештаи посочуваат дека некои странски актери веќе бараат да ја инструментализираат кризата за свои цели. Русија и Кина ги преплавуваат социјалните медиуми со содржина насочена кон тековните немири и насилство во Соединетите држави, се вели во анализата на неодамнешните објави на Твитер од ПОЛИТИКО[1].

Од 30-ти мај, владини претставници, државни медиуми и други корисници на Твитер, поврзани со Пекинг или Москва, сè повеќе се спротивставуваат на хаштаговите поврзани со Џорџ Флојд, при што беа форсирани разделувачки пораки и критики за справувањето со тешката криза во Вашингтон. Но, се препорачува претпазливост, како што рече еден од експертите: „Истражувачите треба да бидат претпазливи и одговорни. Дали ќе најдете индикатори за координација на социјалните медиуми? Секако! Според својата природа, ефективниот активизам е координиран. Дали странските државни актери ги зголемуваат наративите околу протестите за своја корист? Апсолутно! Станува меѓународен настан за медиуми што се усогласува уредно со нивните пошироки политички агенди. Дали странските државни актери ќе бараат начини да ги задушат протестите? Веројатно? Но, не се залажувајте, ќе бидеме таму каде што сме со или без никакви странски напори да туркаме напред.[2]

Забележителна е и разликата во покриеноста на домашната публика, како што е детално наведено во овој напис на Дејли Бист од Јулија Дејвис. Додека извештаите на руските државни медиуми на американско тло се чини дека сочувствуваат со демонстрантите, медиумите во Русија прикажуваат многу поинаква слика. Значаен пример беше написот за рускиот таблоид Комсомолскаја правда од Дмитриј Стешин, кој ги исмева американските демонстранти, нарекувајќи ги „мускулести криминалци“ и „тверкинг“ како „национален негро танц“. Истиот Стешин го објави истиот текст на социјалните медиуми, со наслов „Љубезен совет за негрите на Минесота и САД. Победете ги белците додека не станат црни.“

Тој пост потоа беше споделен на Телеграм од Маргарита Симонјан, главен уредник на РТ, а потоа преведено за англиската публика во твит од Белингкет. Наместо да се извини за ваквиот бесрамен приказ на расизмот, РТ го нападна Белингкет, лажно обвинувајќи ја истражувачката организација за „поттикнување на немири во САД“.

„Русија го прави токму она што го прави Русија секогаш“, рече Брет Шафер, соработник за медиуми и дигитални дезинформации во германскиот German Marshall Fund, тинк-тенк во Вашингтон. „Но, за прв пат ја видовме Кина целосно вклучена во наративна битка која не влијае директно на кинеските интереси.“ Во текот на последните три дена, кинеските амбасадори, медиуми поддржани или поврзани со Русија и Кина, имаат објавено повеќе од 1.200 твитер постови за САД, често користејќи хаштагови како #BlackLivesMatter и #Minneapolis, според прегледот на активности на социјалните медиуми објавено на ПОЛИТИКО. Според анализата на Податоците на Твитер од Алијансата за Обезбедување Демократија, почнувајќи од 30-ти мај, четири од првите топ 10 хаштагови во тој период од руски и кинески корисници на Твитер се пораки во кои се спомнува насилството во САД.

Во онлајн пораките, честопати поврзувајќи се со видеата од неодамнешното насилство, овие дигитални актери се обидоа да ги прикажат САД како земја на работ, истакнувајќи го перцепираното лицемерие за неодамнешниот конфликт на Вашингтон со Пекинг и Москва како злоупотреба на граѓанските права. Една од најраспространетите пораки на социјалните медиуми од кој било официјален руски или кинески профил, потекнува од, портпарол на кинеското Министерство за Надворешни Работи.

На 30-ти мај, Хуа Чунјинг, сподели слика од твитер пост на портпаролката на американскиот Стејт департмент во која таа ја критикува Кинеската комунистичка партија за нивниот однос кон Хонк Конг, а во описот на нејзиниот твитер пост саркастично напиша „Не можам да дишам“. Фразата „Не можам да дишам“ стана „химна“ за оние што се во САД, протестирајќи го полицискиот третман кон Флојд. Пораката од кинескиот службеник е споделена повеќе од 8,000 пати.

Редфиш, берлински центар за медиуми чие финансирање истотака доаѓа од Русија, на сличен начин редовно објавуваше вести на својот официјален Твитер профил во врска со протестите во САД, вклучително и видео од протестите во Минесота од 31-ви мај што е споделено над 3,400 пати. „Вака изгледа востанието“, пишува во твитот.

Целта, според експертите за дезинформации, е да се поттикне недоверба од обете страни на политичкиот спектар, наместо да се објавуваат лесно препознатливи лажни објави на социјалните медиуми. Пекинг започна да ги „покажува“ мускулите на платформи на западните социјални медиуми, и забележително е дека многу од нивните официјални претставници стануваат похрабри во тоа како го користат Твитер. Ова доаѓа директно од руски и кинески поддржани медиуми и официјални лица. И покрај сопствените тактики на насилство од страна на Пекинг (тука спаѓаат Ујгурското малцинство во земјата), Ли Биџијан, кинески генерален конзул во Карачи напиша: „Преголема сила од страна на полицијата #US“. Сепак, официјалните служби на Кина никогаш не ја признаа таа дискриминација што се случува ниту се извинија за тоа.

Мерал Мусли Тајроска – психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.

 

Извори: EuvsDisinfo, Politico.

[1] https://www.politico.com/news/2020/06/01/russia-and-china-target-us-protests-on-social-media-294315

[2] https://twitter.com/leefosterintel?lang=de

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap