НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ ВАКЦИНА ЗА КОВИД-19 ПРЕД 2021, ВЕЛИ СЗО

Женева/Цирих(Ројтерс) – Истражувачите кои работат на вакцина против КОВИД-19, напредуваат добро, со мал број испитувања кои веќе се влезени во следната фаза. Сепак нивната прва употреба, не може да се очекува пред 2021, изјавил експерт на Светска здравствена организација (СЗО)  во средата, 22.07.2020.

 

СЗО работи да се обезбеди фер дистрибуција на вакцини. Во меѓувреме, клучно е да се потисне ширењето на вирусот, изјавил  Мајк Рајан, извршниот директор за итни програми на СЗО, бидејќи дневнo бројката на нови случаи низ целиот свет е рекордно висока.

 

„Остваруваме добар напредок“, изјавил Рајан, истакнувајќи дека неколку вакцини сега биле во третата фаза од испитувањата и досега ништо не успеало, во смисла на безбедност или можност за генерирање на имунолошки одговор.

 

„Реално, ќе почне следната година, пред да видиме како луѓето се вакцинираат“, изјавил тој на јавен настан на социјалните медиуми.

СЗО работеше на проширување на пристапот до потенцијални вакцини, како и во помагањето на производствените нивоа, истакнал Рајан.

 

„И ние треба да бидеме фер за ова, бидејќи ова е глобално добро. Вакцините за оваа пандемија не се ни за богатите, ни се за сиромашните, тие се за секого “, изјавил тој.

 

Извор: Reuters

Share via
Copy link
Powered by Social Snap