НЕМА “МИСТЕРИОЗНИ ФАКТИ” ЗА КОРОНАВИРУСОТ!

Дезинформација бр:

#139

Дата:

30.05.2020

Извор:

ulica.mk

Време на читање:

6 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Уште еден текст како обид да се промовираат митови и мистерии поврзани со коронавирусот

Оригинален наслов: НАУЧНИЦИТЕ НЕ ЛАЖЕА ЗА КОРОНАТА: Пет факти кои до денес останаа мистерија

Порталот Ulica.mk објави текст во кој изнесува 5 наводно мистериозни факти за коронавирусот.

Според авторот на текстот некои информации дадени од експерти за вирусот, наводно се покажале неточни, и нема одговор на нив до денес.
За вирусот корона се’ повеќе се зборува дека е повеќе економска отколку здравствена чума. Контрадикторните информации од медицински експерти, кои дадоа збунувачки информации што се покажаа неточни, исто така, придонесоа за тоа до одреден степен”.

 

Линк до оригиналниот текст може да најдете тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

За нивните “тврдења и мистериозни факти” тимот на Ф2Н2 одговара со точни информации поткрепени со факти од официјални извори.

  1. Луѓето не можат да го пренесат вирусот на животните

Тврдење: „Прво се зборуваше дека вирусот го пренесувал лилјак, а потоа научниците одлучиле дека луѓето не можат да ја пренесат инфекцијата на животните. Кога било откриено дека некои сопственици ги заразиле своите мачки и тигри, научниците веднаш „објасниле“ дека вирусот мутирал и пренесувањето на животните повторно започнало!“

 

Она што треба да се знае е дека научниците “не одлучуваат” дали луѓето можат или не можат да ја пренесат инфекцијата на животните

Според Центарот за контрола на болести и превенција на САД не се знае точниот извор на тековната појава на коронавирусот Ковид-19, но се знае дека е од животинско потекло. Во овој момент нема докази дека животните играат значајна улога во ширењето на вирусот што предизвикува COVID-19.Ризикот од животни кои шират COVID-19 на луѓето се смета дека е мал. Сè уште учиме за овој вирус, но се чини дека може да се шири од луѓе на животни во некои ситуации. Центарот исто така објаснува дека работи со партнери за здравствена заштита на човекот и животните за да ја следи оваа состојба и ќе продолжи да ги ажурира информациите. Потребни се понатамошни студии за да се разбере дали и како различните животни можат да бидат засегнати од COVID-19. Првиот случај во САД со тестирање на животни позитивен за COVID-19,  беше тигар во зоолошката градина во Њујорк. Службениците во јавното здравство веруваат дека овие големи мачки се разболеле откако биле изложени на вработена во зоолошка градина, која била заразена со вирусот. Но оваа истрага е во тек.

Сеуште се прават детални истражувања за пренесувањето на вирусот од луѓе на животни и обратно.

 

  1. Младите и здравите се отпорни

 

Тврдење: „На почетокот, научниците тврдеа дека младите и здрави луѓе се заштитени, бидејќи вирусот ги напаѓа оние со слаб имунитет и вишок тежина. Се испостави дека воопшто не било точно, затоа што луѓето кои биле активно вклучени во спортот, се грижеле за храната и редовно го проверувале своето здравје, доаѓале и до респиратори“.

 

Не е вистина дека младите се помалку изложени или дека вирусот ги напаѓа само постарите. Сите кои што се со некоја пропратна болест се помалку имуни на инфекцијата, без разлика на возраста. Порталот не дал никакви факти дека потполно здрави луѓе се заразиле, односно дека имале тешки симптоми на болеста. Центарот за превенција и контрола на болести во САД објаснува кои категории на луѓе се изложени на поголем ризик и кои треба да превземат дополнителни мерки на претпазливост.

Во овие категории спаѓаат лицата над 65 години, лицата со хронични белодробни заболувања, со срцеви болести, дијабетичари, лица со послаб имунитет, лица заболени од астма, лица кои боледуваат од ХИВ, лица со заболување на црниот дроб, лица кои боледуваат од деменција, лица со посебни потреби, жени кои се бремени или дојат, бездомници и бегалци (поради условите во кои што живеат, во минимални хигиенски услови.

3. Тестот вели „негативен“, а лицето „позитивно“

Тврдење: Се тврди дека : „Илјадници ПСР тестови се вршат секој ден во секоја земја и тие се покажаа како неверодостојни. Поточно, за многумина, овие брзи тестови покажаа дека се „негативни“, а по три дена беа примени во болницата како „позитивни“.

Брзите тестови не се веродостојни бидејќи покажуваат само дали е присутен вирусот, а не дали човекот е заразен, односно дека можно е да се наоѓа во период на инкубација…

Според анализата на унивезитетот Џон Хопкинс, брзите PCR тестови можат само да укажат на присуство на вирусот во моментот на тестот, и не можат да докажат дали некое лице било заразено претходно а потоа закрепнато, и на глобално ниво, овие тестови се користат многу малку. Најраспространетите видови на тестови кои што се користат за идентификување на Ковид19 се серолошките тестови или тест на крвта, кои што ги користат и државните институции. Веќе нашиот тим истражуваше за видовите на тестови кои што се користат во Северна Македонија и констатираше дека брзите тестови или PCR тестовите се „помагала при дијагностицирање на пациенти сомнителни на SARS-CoV-2, во релација со клиничката слика и резултатите од другите лабораторски тестови. Резултатите од qSARS-CoV-2 IgG/IgM Rapid Test не може да се користат како единствена основа за дијагностицирање.“. Овие брзи тестови може често да дадат лажна слика за присуство на вирусот ако се прават при самиот почеток на инфекцијата бидејќи како што наведовме, овој тест детектира само еден вид на ген на вирусот. Затоа и Светската Здравствена Организација не ги препорачува овие видови на тестови. И повеќето од државите не ги користат.

 

4. Кој е лекот за корона?

Тврдење: „Прво, луѓето без симптоми биле испратени дома во изолација, а потоа луѓето биле третирани со „хлорокин“, додека на некои им биле дадени антибиотици и се лекувале. Уште поголема енигма е онаа во која се вели дека луѓето што имале ковид можат повторно да го добијат“.

Авторот не дава точни информации за кои држави тврди дека ги испратиле заразените во изолација без симптоми, иако имало такви случаи поради фактот што немале потреба од медицинска помош, бидејќи голем дел од заразените и не покажуваат симптоми и немаат тегоби. Во однос на Хлорокинот, а и антибиотиците, тие се во експериментална фаза поради немање на вакцина. САД беше прва која што ја објави оваа идеа за комбинација на антибиотици со хлорикин и хидроксихлорикин, комбинации на лекови кои што се користат за лекување на маларија, а потоа и Русија, за што веќе пишувавме.

Во однос на тоа дали може повторно да се заразите, Светската Здравствена Организација е јасна: Ако сте заразени треба да се лекувате и нема да бидете заразени  цел живот. Но, сепак има можност за повторно заразување ако се експонирате и не се чувате, односно не ги почитувате препораките.

  1. Како всушност се пренесува?

Тврдење: „Експертите продолжуваат да инсистираат луѓето да носат маски и ракавици во затворен простор, и тие рекоа дека корона вирусот се пренесува со капки. Прво рекоа да ги миеме рацете редовно, а потоа почнаа да бараат од сите да носат ракавици. Во Америка е утврдено дека лице кое со месеци немал никаков контакт со луѓе е заразено со вирус“.

Препораката на Светската Здравствена Организација е да се користат маски на јавен простор,  кога се грижиме за болни лица или за кои што имаме сомнеж дека се заразени, но да бидеме многу претпазливи кога ја тргнуваме бидејќи има ризик од контаминација. Ракавиците не се спомнати во овие препораки на Светската Здравствена Организација, но секоја држава самостојно ги пропишува заштитните мерки, зависно од своите потреби. Така, Северна Македонија им препорачува на своите граѓани да користат само маски. А важат и препораките за редовно миење на рацете.

Случајот на заразен без контакт и без патување надвор од државата е вистинит. Но, сеуште се истражуваат околностите во кои живеел. Има и други вакви случаи, затоа се истражува дали вирусот се пренесува само преку директен контакт со заразено лице.

 

Јасно е дека во ниедна од точките што ги навел порталот не се кријат мистерии.

Сите информации за коронавирусот Ковид-19 се јавно достапни. Да не дозволиме да бидеме доведени во заблуда. Останува на нас дали ќе веруваме на сите новинарски текстови или ќе ги проверуваме фактите за да ја дознаеме вистината.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap