ОПИС

Оригинален наслов: Откриена тајната на американските лаборатории во Европа: Ако ова проработи, Господ нека ви помогне (видео)

На 19.05.2020 порталот Стандард.мк објави текст во кој се тврди дека по отворањето на американски воени биолошки лаборатории на територијата на Украина, забележани се необични жаришта на опасни болести.Текстот не наведува извор, но според насловот и содржината, многу е веројатно дека “потекнува” од sputnik.rs , каде е објавен со следниот наслов „Бог нека вас чува ако ово проради”: Стручњак открио истину о биолабораторији САД у Одеси /видео/

Имено , дезинформациите што се пренесени во текстот доаѓаат од специјалниот дописник на Телевизија Русија 1, Александар Рогаткин и од пратениците од украинската партија “Опозициска платформа за живот( ОПЗЖ ).

Во својата изјава Рогаткин, обвинува за наводно крадење на парите кои биле доделени од страна на американците за изградба на лабораториите во Украина. Раководителот кој добил објект изграден во Одеса, за време на контролата на вентилацијата, наводно кажал: „Бог нека ги заштити сите ако ова почне да работи”. За оваа паушална изјава не нуди никаков доказ.

Додека пак пратениците од украинската партија „Опозициска платформа – за живот“(ОПЗЖ) во април побарале да се испита дејноста на петнаесет американски воени биолошки лаборатории. Според опозицијата, по појавата на лаборатории на територијата на Украина, наводно биле забележани необични жаришта на опасни болести.

 

Линк до оригиналната статитија тука.

ФАКТ/И

Објавениот текст е дезинформација и теoрија на заговор, која не е поткрепена со факти.

Со оглед на тоа од каде доаѓаат овие “информации”, јасно е дека се  дел од дезиниформативниот наратив на Кремљ.

Тврдењата изнесени во текстот се лажни. Вистината е сосем поинаква.

На оваа дезинформација реагираше  Службата за безбедност на Украина. Според нив:

Службата за безбедност на Украина (SBU) ги повикува политичарите да не шират лажни информации за наводното постоење на странски воени биолошки лаборатории во Украина. Неодамна, лажните вести за наводните активности на американските воени биолошки лаборатории на територијата на Украина се раширија во мас-медиумите и социјалните мрежи.“- стои во нивното известување. Според нив: „нема странски биолошки лаборатории во Украина. Изјавите дадени неодамна од страна на некои политичари се невистинити и намерно ги нарушуваат фактите. Второ, соработката меѓу Украина и Соединетите држави во насока на борба против биолошкиот тероризам се одвива исклучиво во рамките на украинското законодавство и во интерес на Украина. Договорот е во сила од 1993 година, за да и помогне на нашата земја во елиминација на стратешкото нуклеарно оружје и спречување на ширење на оружјето за масовно уништување“-се наведува во нивното известување.

На објавената дезинформација реагираше и Амбасадата на САД во Украина. Во нивната реакција се вели:  „Американската амбасада внимателно ги анализира пласираните деизнформации во некои кругови во Украина. Тие се одраз на руската пропаганда во врска со силното американско-украинско партнерство за намалување на биолошките закани.

Овде во Украина, Министерството за одбрана на САД ,заедно со украинската влада, работи на Програмата за биолошка одбрана, на консолидирање и обезбедување на патогени и токсини со безбедносен ризик во објектите на украинската влада, истовремено дозволувајќи мирно истражување и развој на вакцини. Ние со нашите украински партнери работиме за да се осигуриме дека Украина може да открие и да ги пријави епидемиите, предизвикани од опасни патогени микроорганизми пред тие да претставуваат закани за безбедноста или стабилноста. Нашите заеднички напори помагаат да се осигураме дека опасните патогени не паѓаат во погрешни раце. Горди сме што сме партнери со Министерството за здравство, Државната служба на Украина за безбедност на храна и заштита на потрошувачите, Националната академија за аграрни науки и Министерството за одбрана, да нè направи сите побезбедни.“

Вистина е дека споменатите лабаратории се финансираат од државниот буџет на Украина. Тие се подредени на инспекциски надзор од Министерството за здравство и Државната служба за безбедност на храна и заштита на потрошувачите на Украина. Покрај тоа, Службата за безбедност на Украина обезбедува заштита на критична инфраструктура и врши увид во активностите на научните институции.

Тимот на Ф2Н2 го оценува овој текст како дезинформација и тероија на заговор. Целта на ваквите наративи е да се креира паника во општеството, особено во ситуација кога сите сме исправени пред пандемијата од КОВИД-19.  Покрај тоа, ваквите наративи имаат и цел да креираат лажен впечаток за мешање на САД во безбедноста на одредени земји.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.