НЕМА “УДАР” ЗА ЗАЕВ ОД ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР

Дезинформација бр:

#93

Дата:

25.10.2019

Извор:

expres.mk

Време на читање:

4 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

ХОЛАНДИЈА СМЕТА ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е СПРЕМНА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Оригинален наслов: ”Тимоние не е сам-Уште еден удар за Заев од амбасадор на ЕУ

Порталот Express.mk објавува текст со наслов во кој се вели  дека францускиот амбасадор Тимоние, не е сам, се мисли на “ударот” што и го зададе Република Франција на нашата земја во однос на добивањето датум за преговори за членство во ЕУ. На тоа, порталот  надоврзува наводно уште еден “удар” од холандскиот амбасадор во Република Северна Македонија,  Дирк Јан Коп, согласно негова изјава на трибина организирана од Transparency International-Macedonia.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Согледувајќи го насловот на текстот и содржината на веста, се доаѓа до заклучок дека се работи за класичен спин. Имено во содржината тема е трибината организирана од  Transparency Internacional Macedonia  во рамките на проектот “Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам”. Во тој контекст на презентацијата на овој проект,  холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, зборувајќи за корупцијата и состојбите со вработувањата во јавната администрација во државата,  искористил метафора споредувајќи ги како “кога брод почнува да тоне, треба прво да се испумпа водата и да се затнат дупките” притоа давајќи  комплименти на  Државната комисија за спречување на корупцијата, која од февруари “започнува да пумпа” со добра мерка на успех, но тоа е само почеток.

Ова e многу јасен  пример како една вест се спинува со цел да се манипулира јавноста. Гостувањето на холандскиот амбасадор на трибината и неговата изјава за сосема друга тема, воопшто немаат поврзаност со ставот на Холандија и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, за (не) добивањето датум за преговори за членство во ЕУ.

Доказ за тоа е и изјавата на холандскиот амбасадор за Сакам да кажам: „Холандија е за тоа на Северена Македонија да ѝ биде даден датум за почеток на пристапни преговори со Европската унија”.

“Токму затоа сме разочарани што Европскиот совет  не успеа да го даде датумот.  Сепак, нашата цел, и нашата порака, нашата намера и нашиот проект остануваат исти: да се приближи Северна Македонија  сè поблиску и поблиску до ЕУ и во извесен момент и да влезе во неа. Убеден сум дека тој момент не е премногу далеку. Ако ништо друго, ова времено одложување укажува дека треба да ги дуплираме напорите за да ја направиме Северна Македонија уште поподготвена. Реформите мора да продолжат и, сè повеќе, треба да се претворат од добри намери и здраво законодавство во вистинска практика на теренот. Во овој процес, Северна Македонија е активен учесник и партнер, прво и основно за да ги подобри животите на своите граѓани“.

Затоа, нашата позиција останува дека Северна Македонија е подготвена за почеток на преговорите за влез во ЕУ, и покрај другите внатрешни размислувања во ЕУ, кои се вон нејзина контрола“, вели амбасадорот Коп во изјава за  САКАМДАКАЖАМ.МК.

Секако, ваквиот став на Холандија со поддршка кон нашата земја за започнување на преговорите се ЕУ, е премолчен редакцијата на Експрес.мк.

Текстот на порталот Eкспрес.мк е само еден пример за пристрасното известување на одредени портали. Спинуваните вести за напаѓања и обвинувања на Премиерот се се почести во овој период, се со цел да се манипулира јавноста во насока на креирање на лажно мислење дека неуспехот во Брисел е потфрлување на Владата. Напредокот на земјата беше признаен од сите меѓународни партнери, вклучувајќи ги земјите членки на ЕУ и самите европски институции.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap