Дезинформација бр:

Дата:

Извор:

Време на читање:

мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: ПУТИН НЕ ЈА ДАВА МАКЕДОНИЈА: Порача дека Русија почнува со спроведување на планот „Б4“ за формирање на Балкански сојуз! На 11.06.2020 година порталот Мkdpress.site објави текст со наслов „ПУТИН НЕ ЈА ДАВА МАКЕДОНИЈА: Порача дека Русија почнува со спроведување на планот „Б4“ за формирање на Балкански сојуз!“ Во текстот се наведува дека претседателот на Руската Федерација наводно силно се залагал за формирање на т.н. „Балканска четворка“, односно за сојуз на воено-неутрални држави на Балканот во кој би биле Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Останатиот дел од статијата се фокусира на Црна Гора, особено на поделеноста на општеството во Црна Гора во однос на НАТО членството, наводното втурнување на Црна Гора во НАТО и влијанието на НАТО, каде што главна улога имаат САД, во балканските држави.Линк до оригиналната статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Најпрво, се работи за  “вест“ која е стара околу 3 и пол години, а оригиналниот извор на оваа вест е Informer.rs која била објавена на 28.12.2016 година со наслов „Putin ne da SRBIJU, BiH, CRNU GORU i MAKEDONIJU: Ovo su detalji ruskog B4 plana za Balkan“. Зборовите „ПУТИН НЕ ЈА ДАВА МАКЕДОНИЈА“ се преземени од српскиот портал Informer.rs, на чијашто насловна страна е цитирана и изјавата на Сергеј Железњак која гласи: „Црна Гора насилно ја вовлекуваат во НАТО, тоа може да предизвика конфликти во регионот“, е исто така старо издание.Имено, се работи за истиот наратив кој доаѓа од официјална Москва, а кој се спроведува во период кога и двете земји стануваат членки на НАТО. Во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, на 08.05.2019, рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов изјави дека „исфорсираната интеграција на  Северна Македонија во НАТО, нема да придонесе во безбедноста и  стабилизацијата на ситуацијата на Балканот.“ Тимот на F2N2 веќе пишуваше на таа тема.imageДоколку двете статии се споредат ќе се воочи дека содржината на статијата објавена на www.informer.rs е речиси идентична со онаа на статијата прикачена на https://mkdpress.site, со една разлика: содржината на текстот објавен на македонскиот портал МКД Пресс е скратена и модифицирана со цел да се однесува само на Република Северна Македонија. Па така, секој дел кадешто се зборува исклучиво за Република Србија во изворната српска верзија, не постои во македонската верзија, односно намерно е избришан. Накратко кажано: авторот на предметната статија се обидува да искористи вест стара 3 и пол години, и истата да ја реактуализира како нова.Понатаму, во текстот се наведува дека наводно “Путин не ја дава Северна Македонија/Србија.“ Но, оваа изјава не е дадена од г-динот Путин, туку од страна на г-динот Сергеј Железњак. Сепак, се работи за руска пропаганда пласирана од лице кое извршува високи јавни функции (пратеник во руската Дума и заменик секретар во генералниот совет на Единствена Русија) и е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.Во однос на издржаноста на ставовите изнесени во текстот на предметната статија, потребно е истата да ја анализираме од сегашна гледна точка. Денес, Црна Гора (2017) и Република Северна Македонија (2020) веќе се полноправни членки на НАТО Алијансата. Членството во НАТО не резултираше со никакви конфликти во ниту една од овие две држави, така што тезата на г-динот Сергеј Железњак е манипулативна и невистината. Напротив, мнозинството на граѓани во Република Северна Македонија и во Црна Гора се за безбедност и стабилност  кои членството во НАТО ги осигурува.imageОд друга страна, горенаведената иницијатива Б4 на Сергеј Железњак, која би требало да претставува некаква алтернатива на зачленувањето во НАТО Алијансата и во Европската Унија, е без каква било практична примена. Без разлика на тоа што во 2016-та година биле потпишани 16 декларации и меморандуми посветени на планот Б4 од страна на 10 политички партии во наведените 4 држави, никакви активности не се преземени во врска со оваа иницијатива, ниту пак оваа идеја некогаш била крената на ниво на лидери на држави. Од друга страна, документите биле потпишани во време кога ни Црна Гора ни Република Северна Македонија не биле дел од НАТО алијансата. Ситуацијата денес е драстично сменета, и оваа про-руска иницијатива е невозможна мисија.Денес веќе се работи на создавање на балканска економска зона, односно формирање на еден пазар на територијата на Западен Балкан, што е уште еден доказ за доминацијата на прогресивните про-евроатлантски струи на територијата на Балканот.Впрочем и самата идеја за сојуз на воено неутрални држави е чудна, особено со оглед на тоа што предлагачот, Руската Федерација, има продадено и донирано огромна количина на оружје и опрема на Република Србија. Од друга страна, зачудува фактот што Србија како воено-неутрална земја забрзано се вооружува од Русија, купувајќи „Панцир С1“ артилериско-ракетен систем за против-воздушна одбрана,  хеликоптери,  тенкови,  борбени авиони, оклопни возила итн.Поради сето ова, може слободно да се констатира дека предметната македонска верзија која се обидува да реактуализира вест стара 3 и пол години е обид за манипулација на читателите и ширење на руска пропаганда на територијата на Република Северна Македонија. Тоа што граѓаните треба да го знаат е дека планот/иницијативата Б4 е само стара беспредметна иницијатива – неостварен руски сон.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.