Минатата недела, при анализа на дезинформации, се истакна циничниот опортунизам на про-Кремљ медиумите во искористувањето на протестите за расна неправда што ги зафати Америка и светот. Напорите на руските државни и про-Кремљ медиуми да ја искористат ситуацијата за политички цели, на меѓународно и домашно ниво, покажаа посебен контраст во покривањето за западната наспроти руската публика. Овој тренд продолжи и оваа недела, при што про-Кремљ весниците ги ширеа вообичаените теории на заговор – модифицирани за темата на денот – како и разединети пораки поврзани со протестите. Рапидно се зголемуваат доказите дека про-Кремљ медиумите ја инструментализираат американската криза за да ги истуркаат своите наративи и да ги форсираат анти-либералните, анти-Западните агенди.

Протестирам за расна неправда: трик за шарена револуција.

Неколку случаи оваа недела се обидуваат да ги поврзат протестите со наводното поттикнување на „шарена револуција“ и мешање во работите на другите држави. На пример, видовме тврдења дека протестите „екстремно потсетуваат на техниките на шарената револуција“ и „проба на теренот“ за Портокаловата револуција – дури и тврдејќи дека САД подготвиле луѓе во различни делови на светот за да ги организираат.

Познато е дека моќта на народната мобилизација е најголемата причина за политичка вознемиреност на Кремљ во врска со стабилноста на режимот, со оглед на трендот на граѓански револуции против режимите склони кон корупција во пост – советските земји. Како резултат на тоа, про-Кремљ медиумите имаат навика да сугерираат дека демонстрациите на кое било место, на било кој вид, сигурно се оркестрирани од злонамерни надворешни сили. Сегашните немири во САД не се исклучок, со предложени виновници вклучително и „владејачките елити“ на Америка, глобалистичките корпорации, Демократската партија – кои бараат да се здобијат со влијание пред претстојните претседателски избори – и секако Џорџ Сорос, кој наводно охрабрува немири и истребување на Афро – Амерканското население, обидувајќи се да го спречат реизборот на Трамп во заеднички заговор со демократите. Сорос е популарен лик во про-Кремљ наративот, благодарение на неговата филантропска работа и промоција на демократијата и слободните пазари. Опишувајќи го како поттикнувач на тековните протести во САД, про-Кремљ медиумите ја туркаат пораката и во други земји дека Фондацијата Отворено Општество на Сорос треба да биде забранета.

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: EUvsDisinfo

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.