НОВИНАРИТЕ ОД ПОЗНАТИОТ РУСКИ БИЗНИС ВЕСНИК “ВЕДОМОСТИ” СЕ ЖАЛАТ НА ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА ОД КРЕМЉ

Москва (Ројтерс) – Новинарите на Ведомости, едно од најпознатите бизнис публикации во Русија,  го обвинија уредникот за цензура по насоки на Кремљ, поради што побарале и негова замена од управниот одбор.

Новинарите во својот допис, објавен на веб страната на весникот, се пожалиле дека главниот уредник Андреј Шмаров, забранил објавување на анкети за јавно мислење. Новинарите сметаат дека со ваквото однесување се поткопува кредибилитетот на весникот.

Само ден претходно, репортерот Ксенија Болескаја, јавно се пожалила дека уредникот и забранил критичко опсервација за агендата на претседателот Владимир Путин околу  промена на уставот, која треба  да му овозможи да го продложи своето владеење до 2036 година.

Весникот месецов објави анкета на центарот Левада, според која 38% од Русите веруваат дека Путин ги застапува интересите на олигарсите, банкарите и големите бизнисмени.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков за новинарите изјавил дека Кремљ не се меша во уредувачката политика на медиумите, како и дека не бил запознаен со забраната за анкетата.

Весникот Ведомости до сега се сметаше за еден од ретките во Русија, кој успеа да не е под директна контрола на властите или бизнисмените блиски до Кремљ. Уредникот Шмаров е назначен за вршител на должноста главен уредник на крајот на март годинава, откако беше објавено дека двајца бизнисмени ќе го купуват весникот.

 

Извор:  Reuters

Share via
Copy link
Powered by Social Snap