ЛОНДОН (Ројтерс) – Велика Британија ќе воведе карантин поради КОВИД-19 за патниците кои доаѓаат од странство од 8 јуни. Ова на 22.05.2020 го најавила министерката за внатрешни работи Прити Пател. Оваа мерка, авиокомпаниите предупредуваат дека ќе ја уништи нивната индустрија. Сите меѓународни пристигнувања, вклучително и Британците кои се враќаат дома, ќе треба да се изолираат 14 дена и да дадат детали за тоа каде ќе престојуваат.

 

„Сега го надминуваме врвот на овој вирус, но мора да преземеме чекори за да се заштитиме од увезени случаи што предизвикуваат повторна појава на оваа смртоносна болест“, изјавила Пател на прес-конференцијата.

 

Оние кои го прекршиле карантинот во Англија, би можеле да бидат казнети со 1.000 фунти (1,218 американски долари), а проверките на лице место ќе ги вршат здравствени и гранични службеници. Карантинот нема да се однесува на лицата кои пристигнуваат од Ирска, ниту за шпедитерите, медицинските професионалци и сезонските земјоделски работници. Мерките ќе бидат разгледувани на секои 3 недели. Министерот за транспорт, Грант Шапс, исто така, посочи дека владата ќе се обиде да преговара за „воздушните мостови“ за патниците кои доаѓаат од земји со ниски стапки на инфекција со вируси.

 

Извор: Reuters

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.