ОД ПЕРЕЊЕ ИНФОРМАЦИИ ДО АКТИВНОСТИ ЗА ВЛИЈАНИЕ: РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО НОРДИСКО-БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ

Извештајот насловен како Руското влијание во информациското опкружување во нордиско-балтичкиот регион, ги презентира активностите на Русија во (дез)информацискиот пејзаж во Данска, Естонија, Финска, Исланд, Летонија, Литванија, Норвешка и Шведска, односно нордиско-балтичкиот регион (НБ8).

Уште на почетокот извештајот објаснува дека наративите може да се гледаат во контекст на стратешките комуникации, по што следи анализа за тоа како Кремљ ги планира и реализира активностите за влијаење врз информациите. Извештајот ги анализира наративите кои се туркаат од проруските медиуми и завршува со поглавје за тоа што се состои во фразата „перење информации“ и тоа влијае во информациското опкружување во нордиските држави.

Перење информации

Во извештајот е направена детална анализа на процесот на перење информации. Слично на перењето пари, лажните или измамнички информации се легитимираат преку мрежа на посредници кои постепено применуваат пакет техники, со цел да истите да ги искриват и да го прикријат оригиналниот извор.

Анализата на 570 самостојни актери во 52 репрезентативни случаи на перење информации потврдила дека перењето се спроведува во сите земја од нордиско-балтичкиот регион, со домашни актери што овозможуваат ширење на влијанието на Кремљ во соодветната земја, како и во целиот регион.

Извештајот открива како актерите кои перат информации шират идеолошки наративи кои најчесто се комплементарни со екстремистичките идеологии.

Наративите кои се градат преку проруските медиуми

Извештајот дава преглед и на наративите за нордиско-балтичките земји кои Кремљ се обидува да ги промовира на глобално ниво, и како тие се менуваат.  Анализата ги опфаќа  главните проруски медиуми, како што се  Спутник, РТ и Прв канал – и ги споредува наодите од 2016 година со оние од 2018 година.

Ова се наративите кои биле присутни во двете години:

  • Бегалците и мигрантите како дестабилизирачки фактор;
  • Проектот „Нордиски поток 2“ нема да пропадне;
  • Прашања за благосостојбата на децата во НБ8;
  • Идејата за закана од Русија е смешна;
  • Радикалниот ислам е дестабилизирачки фактор;
  • Подем на ултрадесничарските националисти;
  • Исламската култура е дестабилизирачки фактор;
  • Финска и Русија се добри партнери;
  • Земјите од НБ8 ги дискриминираат малцинствата;
  • Некои земји од НБ8 ги величаат нацистичките соработници;
  • 9 мај се одбележува низ целиот свет;
  • НАТО ги намамува Финска и Шведска да влезат во Алијансата.

 

Извор: euvsdisinfo.eu

Share via
Copy link
Powered by Social Snap