ОНЛАЈН ГЛАСАЊЕ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦИ ИСКОРИСТЕНО ЗА ПРОПАГАНДА

Дезинформација бр:

#164

Дата:

30.06.2020

Извор:

infomax.mk

Време на читање:

3 мин.

Оригинален наслов: (Фото) Анкетите едногласни: Христијан Мицкоски со убедливо водство пред Зоран Заев

На 30 јуни порталот Infomax.mk објави текст со наслов (Фото) Анкетите едногласни: Христијан Мицкоски со убедливо водство пред Зоран Заев.

Во текстот стои дека анкетите по вечерашниот дуел на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ биле едногласни. Христијан Мицкоски со убедливо водство пред Зоран Заев. Имено во анкетите на социјалните мрежи Мицкоски во една од нив води со 90, односно 74 проценти, додека Заев има 26, односно 10 проценти од гласовите.Ова според многумина е јасен доказ дека граѓаните се подготвени за обновата која доаѓа по 15 јули.

 

Линк до оригиналната статија тука.

Овој портал многу често објавува текстови со поддршка за опозицијата но и Анти-ЕУ и АНТИ-НАТО содржини.

Во конкретниот текст, се пишува за убедливо водство на Христијан Мицкоски пред Зоран Заев во анкети што се креирани од извесни фејсбук страници, во случајот Анкета во фокусот и Гласај, чии постови редовно се со содржина против СДСМ и редовно креираат вакви гласања, во кои секако во водство е партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Авторот на текстот веројатно водејќи се од субјективни причини ги искористил овие гласања на социјалната мрежа фејсбук да ги прикаже на јавноста како наводно релевантна анкета.

Анкета претставува методолошко-статистичко истражување на јавното мислење по одредена тема, област или одредено прашање, услуги, производи и слично и најчесто се спроведува од страна на агенција или организација за истражување на јавното мислење, кои работат согласно одредени критериуми и целни групи за испитување на јавното мислење.

Во конкретниов случај овие онлајн анкети не можат да се земат како релевантен доказ, а уште помалку, како што вели авторот “јасен доказ” за тоа кој ќе биде победник на изборите на 15 –ти јули. Причината за ова е методологијата и начинот на кој истата е спроведена. .

Со прикажување на онлајн гласање на фејсбук страници на кои гласале 244 и 272 лица, како што може да се види од сликата која е во прилог на текстот, се прикажува наводно  статистичко истражување/анкета. Ова е само еден пример на пристрасно известување со цел да се створи лажна слика за реалноста и обид за “лов“ на некој глас повеќе.

За тоа дали може да веруваме на онлајн анкетите и како тие влијаат на гласачкото тело , може повеќе да прочитате на следниот линк во анализата на тимот на Ф2Н2.

Leave a Reply

Share via
Copy link