Оригинален наслов: На 500 километри од Македонија, се наоѓа најголемата база на вонземјаниСпоред статијата на Relaxirano; „САД извршиле страшен дипломатски притисок врз романската влада се со цел тие откритија да останат под велот на тајната. Три члена на првиот специјален тим се обиделе да ја допрат вратата и веднаш починале, а причината за тоа било прекин на работата на срцето. Било каков предмет (камен, пластика, метал или дрво), фрлен на препреката,во истиот момент се претворал во прашина. Иако немало никаков видлив светлосен извор, Големата Галерија била целосно осветлена. Научниците подоцна се обиделе да го запалат местото, но пламенот мистериозно се апсорбирал во ѕидовите.“Текстот со “шокантен налсов” бил доста споделуван на социјалната мрежа фејсбук, па така достигнал речиси близу 1700 фејсбук интеракции.
Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.
Теоретичарите на заговор буквално не можат да „преживеат“ доколку немаат барем една приказна за НЛО и вонземјани. Овојпат таа приказна доаѓа од порталот Relaxirano, кој објавил текст со наслов „На 500 километри од Македонија, се наоѓа најголемата база на вонземјани.“
Веста за “вонземјаните” за прв пат била објавена во Mirror и Telegraph во 2016 година. Вистината е дека нема никаков знак за вонземјани или НЛО, туку се работи за водена кула што била изградена во текот на минатиот век. Целта на водените кули е складирање на вода, и нејзина дистрибуција до домаќинствата во околните места. Повеќе за водените кули ширум светот, како и за нивната намена и цел, можете да прочитате тука.
Приказната на Relaxirano, е толку неоснована што дури и познатиот американски писател на научна фантастика и биохемичар Исак Асимов изгледа како аматер покрај „авторите“ на Relaxirano.
Авторот во целата таа приказна ја вметнал и нашата земја во насловот, со што “мами” уште повеќе читатели. Па така, текстот станал доста “популарен” на социјаланата мрежа Фејсбук, што е само еден доказ дека ваквите наслови имаат големо влијание врз публиката.
Иако нема никаква новинарска издржаност и се пренесува како теорија на заговор и легенда, сепак целта е да се збуни народот и сензибилитетот на читателите кои бараат натприроден контекст за случувањата.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО