ОТСТАПУВАЊЕТО ОД ЗАКОНОТ НА БЕНФОРД НЕ ДОКАЖУВА ИЗБОРНА ИЗМАМА

Дезинформација бр:

#197

Дата:

10.11.2020

Извор:

reporter.mk

Време на читање:

3 мин.

Оригинален наслов: (Видео) Закон кој ја докажува изборната измама, како статистичарите ги анализирале изборните резултати во САД

Порталот Репортер на 10-ти ноември објави статија со наслов: (Видео) Закон кој ја докажува изборната измама, како статистичарите ги анализирале изборните резултати во САД. Во статијата е пренесена статистичка анализа направена од извесни експерти, преку која наводно е утврдено дека на претседателските избори во САД е направена измама со гласачките ливчиња. При правење на студијата бил користен Бенфордовиот закон. Законот се користи за идентификување на лажни финансиски евиденции и други незаконски активности. Порталот нема наведено ивор на текстот, но многу веројатно е дека е преземен од српскиот портал Kurir.rs кој го има објавено истиот текст со идентичен наслов, на 9-ти ноември.

Други портали кои ја објавија оваа вест се: mexpress.mk, info.mk.

Оваа дезинформација беше детално разобличена од страна на проверувачот на факти Ројтерс.

Законот на Бенфорд вели дека во збирот бројки со доволна големина што се појавуваат природно, првите цифри од овие броеви (пример “1” во “15”), не се рамномерно распоредени. Мерењата со пониска прва цифра се случуваат почесто: 1 е првата цифра во скоро 30 проценти од времето додека со 9 започнуваат помалку од 5 проценти од броевите. Никој не знае точно зошто, но во мнозинството на податоци кои може да бидат  од количини на врнежи до население во градови, бројките го следат законот за дистрибуција на Бенфорд. Отстапувањето на податоците од законот на Бенфорд е испитано во области како што се финансиите за да се открие дали нешто не е во ред, на пример измама, грешки или погрешни изјави.

На социјалната мрежа Фејсбук беа објавени неколку постови во кои што директно се алудира на тоа дека постоела измама во избирачкиот процес. Некои од тие објави од страна на Фејсбук беа обележани како “Делумно лажни информации” (тука и тука).

Валтер Мебане, професор на Катедрата за политички науки и Катедрата за статистика на Универзитетот во Мичиген, на 10-ти ноември објави труд со наслов “Несоодветни апликации на законските регулативи на Бенфорд за некои податоци од претседателските избори во 2020 година во САД”. Приказот на тие извори со користење на првите цифри за пребројувањето на гласовите на податоците од округот Фултон, Џорџија, округот Алегени, Пенсилванија, Милвоки, Винсконсин, Чикаго, Илиноис, не кажуваат ништо за можни измами, пред да се испитаат причините што стојат зад ова соопштение. Помеѓу другото пишува и дека: Нашироко е разбирливо дека првите цифри од пребројувањето на гласовите во областите не се корисни за обид за дијагностицирање на изборни измами.

Д-р Џенифер Голбек, професор на Колеџот за информатички студии на Универзитетот во Мериленд, која што е експерт кога станува збор за Бренфордовиот закон, објави пост на Твитер во кој што истакнува дека тврдењата во објавите на социјалните мрежи се лажни, повикувајќи се на горенаведениот напис.

Заклучок:

За степенот до кој законот на Бенфорд може да се користи како индикатор за изборна измама, расправаа академиците, но примената на правилото за водечката цифра на бројот на гласови во локалното население е проблематична и очигледното отстапување од законот не може да се користи само за докажување на изборна измама, велат експертите.

На прв поглед ваквите наративи делуваат како да заземаат страна кон политичка партија, но всушност станува збор за анти-САД наратив. Ваквите дезинформации имаат за цел да ги претстават САД и нејзините институции во лошо светло.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap