ПАНДЕМИЈАТА ОД КОРОНАВИРУСОТ ГО ЗАБАВУВА НАПРЕДОКОТ ПРОТИВ ХИВ ВО АФРИКА

Стапката на инфекција со ХИВ опаѓа во повеќе африкански земји, а ефективните лекови го зголемуваат животниот век на пациентите. Но, пандемијата на коронавируси предизвика неуспех во борбата против сидата.

Од избувнувањето на пандемијата, повеќе од половина од луѓето под заштита на Гилберт Тене  ги прекинале редовни прегледи, изјавил за ДВ докторот, кој работи со пациенти со сида во Камерунскиот баптистички здравствен сервис. „Пациентите не сакаат да доаѓаат во болница“, изјавил Тене за Дојче веле. „Неопходно е тие пациенти во болницата да продолжат со советување, да им обезбедиме лекови и да им озвозможиме каква било друга поддршка“, смета тој.

ХИВ-позитивните луѓе со пристап до правилните лекови можат да живеат со децении без да развијат сида. Исклучувањето на тие лекови, сепак, може да биде смртоносно. Докторката од Јужна Африка, Золелва Сифумба изјавила дека секојдневно била сведок на ваква трагедија. „Членовите на заедниците умираат во болници, оставајќи ги другите да се плашат да побараат медицинска помош“, вели Сифумба.

Ова е уште поизразено во земјите кои неодамна направија голем напредок во борбата против ХИВ. Во 2018 година, Заедничката програма на Обединетите нации за ХИВ / СИДА (УНАИДС) објави дека бројот на нови инфекции во регионот на Источна и Јужна Африка е намален за 30% од 2010 до 2017 година.

 

Извор: Дојче Веле

Share via
Copy link
Powered by Social Snap