Партнери и релевантни извори

Во оваа секција објавуваме статии, извештаи и анализи кои се дел од заедничките проекти со наши колеги. Исто така објавуваме статии преземени од други релевантни извори, поврзани со темите на интерес, како и истражувања на глобално ниво, на регионално ниво и во Северна Македонија. Дополнително, се објавуваат и вести од кредибилни медиуми.

Debunk EU

Debunk EU е граѓанска организација од Литванија која ги идентификува и набљудува дезинформациите на интернет. По обезбедените финансии од Фондот на Гугл за иновации во дигиталното информирање и ДЕЛФИ

, најголемиот интернет медиум на Балтикот, тимот започна да го третира проблемот со дезинформациите преку: (1) Набљудување на дневна основа на 1.500 домеини и 30.000 статии; (2) користење на вештачка интелигенција за идентификување на дезинформациите во рок од две минути по нивното објавување; (3) Обезбедување информации на новинари, тинк-тенк организации, организации кои проверуваат факти и академската фела за штетните содржини на интернет и автоматизирање на 50% од задачите кои треба да се извршат рачно; (4) обединување на главните медиуми во Литванија во една платформа со цел зголемување на медиумската писменост на граѓаните. Моментално, главниот фокус на Debunk EU е идентификување на дезинформациите на социјалните медиуми и интернет страници за вести и набљудување на изборните кампања на интернет, со цел да се идентификуваат дезинформации или влијание на други земји.

Во текот на последните години, дезинформациите станаа широко распространет проблем присутен во Европа, јавно признаен од голем број на влади и останати организации, вклучувајќи ја и Европската комисија. Во таа насока, а со цел да се зајакне борбата против овој проблем, F2N2 и Debunk EU одлучија да ги спојат своите експертизи и знаења за овој проблем, со цел да се зголеми ефикасноста на работата на организациите преку формирање на стратешко партнерство. Debunk EU ќе ја подржува F2N2 преку автоматизирање на поголем дел од нашите задачи кои се спроведувале рачно, додека Debunk EU ќе добива анализи за контекстот на дезинформациите во Северна Македонија и Балканот. Очекуваме дека овој проект ќе биде водечки пример за прекугранична соработка и дека во иднина истиот ќе се продлабочи и ќе опфати поголема географската покриеност.

Последни вести од Debunk.eu

Прочитај повеќе

SeeCheck

Регионална мрежа против дезинформациите и манипулациите во медиумите – SEE CHECK, е група од граѓански организации од Југоисточна Европа, која работи на минимизирање на влијанието на глобалните и регионалните дезинформации, преку разобличување, истражување, анализирање и објавување на наративи базирани на факти. Организациите се вмрежија со цел да ги максимизираат нивните напори преку споделување на искуства и информации.

Мрежата SEE CHECK е составена од следниве организации:

Последни вести од SeeCheck

Прочитај повеќе
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.