ПЕКИНГ (Ројтерс) – Властите во кинеската престолнина повторно ги активирале рестриктивните мерки во одредени реони. Контролни пунктови, затворени училишта и нови насоки за тестирање за коронавирусот се дел од преземените мерки, по неочекуваните случаи кои се појавиле во најголемиот пазар за храна на големо во Азија, во понеделникот 15.06.2020.

По скоро два месеци без нови случаи на инфекција, властите во Пекинг регистрирале 79 нови случаи, во текот на изминатите четири дена. Оваа бројка е најголема во овој град од февруари.

Коронавирусот пак го зафати Пекинг, седиштето на многу големи корпорации, што придонесе за бранови неизвесност во време кога Кина се обидува да се справи со економските предизвици  како резултат на КОВИД-19.

Утврдено е дека изворот на заразата е најголемиот пазар на храна на големо во Азија, чија големина одговара на површина од околу 160 фудбалски игралишта, што е за дваесет пати повеќе од пазарот на морски плодови во Вухан, од каде што почна да се шири пандемијата со коронавирусот.

 

Извор: Reuters

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.