ПЛАНДЕМИЈА

Но, понекогаш објаснувањето не е толку комплицирано, понекогаш мора да се погледне што се случува во околината за да се разбере зошто луѓето би верувале во теории на заговор. Навистина, падот на економијата, социјалната изолација, губење на работното место, смртта на близок, карантин и сл., придонесоа луѓето да станат повеќе склони кон верување во теории на заговор.

Во секојдневниот живот, вообичаено е да се слушне некој да рече: „Само што помислив“ или „Мислам значи постојам“ (фамозната филозофска изјава на Рене Декарт). Мислите можат да бидат идеи, сеќавање, слики или песна. „Фенси“ термин за мисла / мислење во когнитивната психологија и неврологијата е „ментален процес“[1], но од гледна точка на дебункер; – МИСЛА БЕЗ ФАКТИ Е САМО… МИСЛА.

Според неодамнешни истражувања во психологијата, во обид да се утврди зошто некои луѓе се особено подложни на теории на заговор, откриено е дека луѓето кои веруваат во теории на заговор имаат тенденција да имаат поголема потреба од когнитивно разрешување на работите (желбата да се најде објаснување кога недостасуваат објаснувања) и да бидат уникатни[2]. Но, понекогаш објаснувањето не е толку комплицирано, понекогаш мора да се погледне што се случува во околината за да се разбере зошто луѓето би верувале во теории на заговор. Навистина, падот на економијата, социјалната изолација, губење на работното место, смртта на близок, карантин и сл., придонесоа луѓето да станат повеќе склони кон верување во теории на заговор.

Додека луѓето беа принудени да го поминат времето во домот, тие беа поактивни на интернет, поради тоа низ светот имаше многу онлајн моменти кои служеа како средство за скршнување на вниманието и забава за време на пандемијата. На пример, како гледање на претставата на неверојатните Бенедикт Камбербач и Џони Ли Милер, во монструмската хит продукција Франкенштајн, или кој може да го заборави видеото на една жена додека е на видео конференција, а мажот во долна облека што панично удира во ѕидот, или ако сте филм фанатик како мене, моментот кога екипата на Господарот на Прстените повторно се обедини за време на карантин. Сепак, ниту еден од овие интересни онлајн моменти не стана толку вирален како 26-минутното видео наречено „Пландемија“, документарна продукција која наводно тврди дека тајните елити го користат вирусот и потенцијалната вакцина против Ковид – 19 за да профитираат и да добијат моќ. На видеото се прикажани дискредитираниот научник, Џуди Миковиц, која вели дека нејзиното истражување за штетата од вакцините е погребано[3].

„Пландемија“ беше пуштена на 4 Мај, кога нејзиниот производител Мики Вилис, малку познат филмски продуцент, го објави на Фејсбук, Јутјуб, Вимео и на посебна веб-страница формирана за споделување на видеото. За три дена, таа стекна популарност на страниците на Фејсбук групи посветени на теориите на заговор и движењето против вакцинирање, од кои повеќето се поврзани со видеото објавено на ЈуТјуб.                             Потоа видеото се префрли во мејнстрим медиумите и неговата гледаност експлодираше. Нешто повеќе од една недела по објавувањето на „Пландемија“, беше прегледано повеќе од осум милиони пати на Јутјуб, Фејсбук, Твитер и Инстаграм и имаше генерирано безброј други постови.

До 11 Мај, ЈуТјуб, Вимео и Фејсбук го симнаа видеото, а во теорија се чинеше дека исчезна од онлајн платформите – само што секако дека тоа не се случи во онлајн светот. Видеото во вид на когнитивен патоген избега во дивината и се ширеше како вирус.

Иако е предизвик да се проследи потеклото на личните верувања во врска со пандемијата, забележително е дека поимот „пландемија“, тврдењето дека избувнувањето на Ковид-19 е измама или барем претерување, е раширено од страна на про – Кремљ медиумите. Повеќе портали кои шират дезинформации тврдат дека Ковид-19 е трик на „Големата Фармацевтска Индустрија“ или „Голема Измама“ на тајни елити[4]. Хаштагот #пландемија во Северна Македонија го споделија анти-ваксерите преку Твитер и Фејсбук.

Во 26-минутното видео, една жена неосновано тврди дека глобалните елити како Бил Гејтс и д-р Ентони Фаучи сакаат да ја користат пандемијата на коронавирус за да профитираат и да ја грабнат политичката моќ. Истата жена тврди дека д-р Фаучи, директорот на Националниот Институт за Алергија и Заразни Болести и водечки глас во борбата против коронавирусот, ги погребал нејзините истражувања за тоа како вакцините можат да го оштетат имунитетот на луѓето. Токму тие ослабени имунолошки системи, ги направиле луѓето да бидат подложни на болести како што е Ковид-19. Жената е Др. Џуди Миковиц, поранешен научник на Националниот Институт за Канцер. Др. Миковиц (пред да биде дискредитирана нејзината работа), беше позната во доцните 2000-ти за истражувањето на синдромот на хроничен замор. Др.Миковиц во видеото „Пландемија“ изнесува неколку тврдења кои се научно неподржани или целосно лажни.

Сервисот за проверка на факти PolitiFact истакна осум лажни или погрешни тврдења дадени во видеото, вклучувајќи:

„Бев задржана во затвор без обвиненија“.Оваа изјава е лажен спин за минатите правни проблеми на Миковиц. Таа беше обвинета во 2011 година за кражба на компјутерски податоци и поседувања од нејзиниот поранешен работодавец. Институтот Витморе Петерсон за Невро-Имунолошки Заболувања во Рено, Невада, ја отпушти Миковиц во Септември 2011 година како директор за истражување, откако нејзината студија поврзана со ретровирусот на глувчето со синдром на хроничен замор, беше дискредитирана и повлечена од престижното списание Science. Во Ноември 2011 година, окружниот адвокат во Васое, Невада, поднесе кривична пријава против Миковиц за наводна кражба на компјутерски податоци, тетратки и други поседувања од институтот. Миковиц за кратко време беше затворена во Калифорнија по кривичната пријава. На 11 Јуни 2012 година, канцеларијата на окружниот правобранител поднесе петиција за отфрлање на обвиненијата без пресуда.

Хидроклорокинот е ефикасен против овие видови на вируси“. Ова не е потврдено. Нема лек или вакцина за САРС или новиот коронавирус. Додека некои студии откриле дека хидроклорокинот може да ги ублажи некои од симптомите поврзани со Ковид-19, други истражувања не пронашле таков ефект. Со повеќе од 50 истражувања изработени, како и клиничко испитување на NIH, премногу е рано да се каже дали лекот е одржлив третман за коронавирусот. (Најновата студија на скоро 1.400 пациенти од Њујорк, со умерена до тешка зараза на Ковид-19, покажа дека на пациентите не им се подобрило здравјето при земање на хидроклорокинот.)

„Ако некогаш сте примале вакцина против инфлуенца, ви вбризгале и коронавирус“. Ова тврдење е неточно. Слични тврдења се отфрлени и од други проверувачи на факти. Според Центрите за Контрола и Превенција на Болести, повеќето вакцини против грип во САД штитат од четири различни видови на вируси: инфлуенца А (Х1Н1), инфлуенца А (Х3Н2) и два инфлуенца B вируси. Други штитат од три вида на вируси на инфлуенца. Други штитат од три вида на вируси на грип.  И не постои вакцина против човечки коронавирус.

„Носењето маска буквално го активира вашиот сопствен вирус. Се разболувате од вашите реактивирани изрази на коронавирус.“ Ова тврдење може да се смета како најнеосновано. Нема докази што го поддржуваат ова. Не сме сигурни каков е тој “реактивиран израз на коронавирус”. ЦКПБ советува секој што излегува во јавноста да носи маска. Бидејќи потребни се 14 дена за заразеното лице да покаже симптоми, целта е да се спречи несакано ширење на коронавирусот преку кашлање и кивање. Носењето маска за лице го спречува ширењето на коронавирусот – тоа не ги прави луѓето поподложни на тоа. „Нема поврзаност на носење на маска што би можело да има биолошки релевантно влијание врз вирусната активност“, изјави Ричард Пелтиер, доцент на Здравствени Науки во Животната Средина на Универзитетот во Масачусетс-Амхерст, во е-пошта[5]. „Носењето маска едноставно ги фаќа капките пред да дојдат до уста или нос. Не е научна фантастика, а Др. Миковиц треба да го знае тоа“.

Документарниот филм „Пландемија“ ја претвори жената – Др. Џуди Миковиц (62), дискредитиран научник, во новата ѕвезда на дезинформации за вирусот. Значи, кога на крајот ќе пристигне вакцина против Ковид-19, теоретичарите на заговор ќе имаат многу работа. Секако, под претпоставка дека сите не починале од вирусот пред да се случи тоа.

 

Мерал Мусли Тајроска – психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.

Извори: F2N2, PolitiFact, The Guardian, The New York Times, EuvsDisinfo, Psychology Today.

[1] https://www.psychologytoday.com/intl/blog/consciousness-and-the-brain/201202/what-is-thought

[2] https://f2n2.mk/dali-veruvanjeto-vo-teoriite-na-zagovor-e-uteshitelno/

[3] https://www.nytimes.com/2020/05/20/technology/plandemic-movie-youtube-facebook-coronavirus.html

[4] https://euvsdisinfo.eu/figure-of-the-week-23-2/

[5] https://www.politifact.com/article/2020/may/08/fact-checking-plandemic-documentary-full-false-con/

Leave a Reply

Share via
Copy link