ПО ДВА ДЕНА ОТКАКО ГИ ОТВОРИ, ЈУЖНА КОРЕЈА ПОВТОРНО ГИ ЗАТВОРИ УЧИЛИШТАТА

Повеќе од 200 училишта во Јужна Кореја се принудени да затворат, само неколку дена по отворањето, како резултат на новиот скок на заболени од КОВИД-19.

 

Илјадници студенти претходно во средата на 27.05.2020 се вратија на факултет, откако земјата започна да ги ублажува ограничувањата поради вирусот.

 

Но, само еден ден подоцна, беа регистрирани 79 нови случаи, што е најголема дневна бројка за два месеци. Повеќето од овие случаи се поврзани со дистрибутивен центар, надвор од Сеул.

 

Со магацинот, во градот Бучеон, управува најголемата фирма за е-трговија во земјата Купанг, а властите соопштија дека објектот не бил во согласност со мерките за контрола од инфекцијата. Здравствените службеници дури откриле и траги од „Ковид-19“ на работничките чевли и облека. Не се исклучува растечкиот тренд да продолжи, бидејќи се тестираат илјадници вработени од центарот.

 

Околу 58 нови случаи се забележани во петокот 29.02.2020, со што вкупниот број случаи на национално ниво се искачи на 11.402.

 

Извор: BBC.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap