ПОТРЕБНИ СЕ ИТНИ МЕРКИ ДА СЕ СПРЕЧАТ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ

By април 27, 2020 јули 7th, 2020 Activities & Media

Лажни вести за време на пандемија. Дезинформации, полувистини, искривени факти, вести што се шират побрзо од коронавирусот. Наслови од типот: “Професор од Харвард го продал вирусот на Кина”, “Бил Гејтс преку вакцини ќе постави микрочипови кај луѓето”, “5Г мрежата ги уби врапчињата”. Сѐ со една цел, да се внесе недоверба во институциите и системот воопшто. Помош против заканите од дезинформирање најави и НАТО преку амбасадорката на САД, Кејт Хатчинсон. Идејата е да се формира тим кој ќе ги подготвува медиумите да ги одвраќаат ваквите кампањи.

За ова и за ризикот од лажните вести објаснува Росана Алексоска, шефица на проектот “Борба против лажни вести и наративи” на Граѓанската асоцијација МОСТ.

 

Северна Македонија особено со влезот во НАТО и со започнувањето на преговорите за Европската Унија, мора да изгради соодветни механизми на заштита на сопствените граѓани од ваквите дезинформативни камшањи.

Мојата препорака е дека ваков тим на НАТО ќе биде од голема полза за државата и за граѓаните, и препорачувам Владата на Република Северна Македонија и НАТО да ја разгледаат оваа можност и да ја искористат. Агресивните дезинформативни кампањи може да предизвикаат и материјални штети, може да предизвикаат и безбедносни проблеми.

Исто така она што го забележуваме е борбата на наративите, се истакнува и се величи улогата на Русија и на Кина, а се потценува улогата и придонесот на САД, на НАТО, на Европската Унија. Јас би апелирала од овие причини граѓаните да бидат малце потрпеливи, да не слушаат полувистини или половични твдења и врз база на нив да ги градат своите одлучи.

 

На крајот од денот граѓаните и сите ние сме оние кои што се жртви на овие дезинформативни наративи и на овие дезинформативни кампањи.

 

Целосното интервју можете да го погледнете на следниов линк.

Share via
Copy link