Порталот Магазин објави текст повикувајќи се на српскиот портал Курир.рс во кој што се вели дека милијардерот Бил Гејтс е „мозокот зад најголемата криза во светот“ со коронавирусот.

Иако порталот нема субјективно мислење или коментар за оваа тема,  не ја демантира или поддржува оваа теза, сепак текстот е објавен така сув, оставајќи простор за интерпретација единствено против Бил Гејтс. Нема некоја јасна граница каде порталот се повикува на Курир.рс, а каде има интерпретација.

Особено ако го читате само насловот, доаѓате до заклучок дека филантропот е навистина крив за проширување на вирусот, иако во оваа теорија нема ниту една вистина.

Веста за Бил Гејтс не е единствена теорија на заговор која што овој портал ја пренесе од српскиот портал Курир.рс, познат по пропаганди и лажни вести.

Постојат и повеќе текстови како тој дека коронавирусот може да се истреби само со друг вирус, дека Доналд Трамп е бесен на албанците во Косово, дека Ким Јонг Ун не се појавува во јавност поради страв од коронавирусот, дека епидемијата во Србија е при крај, и дека кинески научници предвидуваат дека коронавирусот нема да помине туку само ќе се одвраќа од време на време.

Ова се само дел од текстовите кои што служат за пример дека порталот Магазин.мк постојано пренесува вести од таблоидни портали кои служат за ширење на паника, незадоволство и страв меѓу населението. Затоа треба да бидете внимателни со вести кои што изгледаат „шокантни уште во насловот“.

 

Информирајте се од повеќе извори и читајте со многу внимание.

Проверете пред да споделите.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.