Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро е позитивен на коронавирус. Тој во неколку наврати, критички се изјаснувал за според него „малиот грип“, тврдејќи дека нема да биде сериозно засегнат. Се спротиставувал на рестрикциите, затоа што според него, штетат  на економијата.

Неговиот резултат на тестирањето е позитивен, по четири тестирања, откако развил симптоми, вклучително и висока температура. Во својата изјава, тој во вторникот 07.07.2020  во телевизизиско интервју, открил дека е позитивен. Според неговата изјава температурата се спуштила, а тој се чувствувал добро. Симптомите ги почувствувал во неделата, имал кашлица и висока температура.

Болсонаро главно одбивал да носи маска во јавноста.

Бразил со 1,6 милиони заразени и 65.000 починати е втор во светот според погоденоста од коронавирусот после САД.

 

Извор: BBC.com

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.