ПРЕТСТАВНИК ОД МОСТ БЕШЕ ДЕЛ ОД СРЕДБАТА НА ПОМОШНИК-ДРЖАВНАТА СЕКРЕТАРКА НА САД СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

На 28 април, во просториите на Американското катче во Скопје, Златко Димитриоски како претставник на МОСТ беше дел од средбата на помошник-државната секретарка на САД, Карен Донфрид со претставници на граѓанското општество. На средбата се разговараше за работата на граѓанските организации во спречувањето на дезинформациите во Северна Македонија, како и за начините на подобрување на медиумската писменост, со цел сите граѓани да имаат пристап до кредибилни новинарски стории.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap