ПРИХОДОТ НАМАЛЕН КАЈ ПОВЕЌЕ ОД ТРЕТИНА ОД НАСЕЛЕНИЕТО НА Г7

Tags: COVID-19Pandemia
By април 17, 2020 Other

ЛОНДОН (Ројтерс) – Повеќе од третина од граѓаните кои живеат во Групата Седум (Г7) богати нации одговориле дека пандемијата предизвикана од коронавирусот веќе им наштетила на нивните приходи, се кажува во истражување на јавното мислење.

Компанијата за истражување на јавното мислење Кантар објави дека 37% од испитаниците пријавиле дека имаат пад во приходите, додека 8% кажале дека го изгубиле комплетниот месечен приход.

Овие констатации го потврдуваат неверојатниот економски удар предизвикан од  рестриктивните мерки воспоставени да го спречат или забават ширењето на коронавирусот, кој што уби повеќе од 140.000 луѓе во светот.

Во вторникот (13.04.2020) Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) објави дека се очекува светската глобална економија да има пад од 3% во текот на 2020 како резултат на застрашувачкиот колапс предизвикан од коронвирусот, настан кој ќе го одбележи највтроглавиот пад на економијата од Големата Депресија во 1930.

Истражувањето на компаниијата Кантар покажува дека најголем дел од респондентите кои одговориле дека нивниот приход се намалил или ќе се намали доаѓаат од Италија, Канада и САД.

Истражувањето е спроведено на примерок од 1000 респонденти во секоја од државите членки на Г7 преку интернет, во периодот од 9-13 Април, 2020.

Извор: reuters.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap