ОПИС

Оригинален наслов: Се продавало името како курвање на улицата пред МРТВНа 28 јуни порталот Нетпрес објави текст со горенаведениот наслов, во кој што авторот си прави своја “анализа” на аудио бомбата од разговорот помеѓу Зоран Милески –Кичеец и Миодраг Давидовиќ-Дака. Па така меѓу другото изнесува и тврдење дека “да земаш пари за да си го смениш името, и тоа од многу сомнително лице кое очигледно има врски со службите и како што го дефинираат медиумите од регионот – руски човек, е за презир и срам до крајот на животот.На челото ќе му пишува – „Си го продаде библиското име Македонија“.Според авторот на текстот наводно руските пари завршиле во Владата кај двоецот Заев и Рашковски.Како заклучок на изнесените неосновани обвинувања, не поткрепени со никаков веродостоен доказ авторот пишува:„да те купат за 300 илјади евра, каде што посредник е Кичеец, за да си го промениш името е како курвање пред МРТВ – дно.“

 

Линк до оригиналниот текст може да најдете тука.

ФАКТ/И

Без да навлегуваме во автентичноста на аудио бомбата, доволен е фактот што самиот бизнисмен Дака ги демантира овие обвинувања упатени кон Владата на Зоран Заев.

Црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ излезе со јавна реакција нарекувајќи ги неточни и злонамерни написите објавени во македонските медиуми.“Фактот дека наведените парични средства сум ги исплатил на Зоран Милевски во времето на владата на Никола Груевски, а не во Владата на Зоран Заев, исто така потврдува колку написите се невистинити, а над се со цел и монтирани”.

“Точно е дека на состанокот со премиерот Зоран Заев ги изложив своите планови во врска со изградба на мини хидроелектрана и паркови на енергија на ветер. Меѓутоа, соопштено ми е дека сите концесии за овој вид дејност се по повластени тарифи, веќе доделени, упатувајќи ме кај генералниот секретар на Владата Драги Рашковски да му проверам какви се плановите на Владата за идниот период, врзано за доделување нови концесии. Меѓутоа, ниту до денешен ден не добив информација која би укажала дека во иднина би можел да очекувам реализација на наведениот проект……квалификациите на одредени медиуми, дека во овој случај се работи за мито, се неточни и злонамерни, и само и штетат на оваа држава, бидејќи ова е лоша порака на сите странски инвеститори, кои сакаат да инвестираат во Северна Македонија”.

Согласно горенаведеното, самото признание на бизнисменот Дака дека парите се дадени во време на владата на Никола Груевски, е доволен доказ дека не се дадени пари за промена на името.како што се тврди во текстот на порталот Нетпрес.

Овој наратив против Преспанскиот договор не е нов. Одредени медиуми често го користат при креирање на свои текстови.Особено сега во предизборна кампања, повторно се засилува со цел да се влијае на јавноста со посебно сензитивна тема, за името и идентитетот, во насока дека се наводно изманипулирани. Вакви неиздржани и недокажни серизони обвинувања кои се “паушално” изнесени, може само да и наштетат на публиката која често не навлегува во проверка на факти и докази.

Преспанскиот договор беше проследен со дезинформативни наративи од самото потпишување, за време на референдумот и сѐ уште не стивнуваат. Повеќе за тоа можете да прочитате во анализата на Ф2Н2. Преспанскиот Договор ги отвори вратите за членството на Република Северна Македонија во НАТО, и започнување на преговорите со Европската Унија.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.