Таканаречениот „План на Далес“

F2N2 беа љубопитни и одлучија да спроведат подетална проверка на еден од нашите случаи поврзан со т.н. „План на Далес“. Беше интересно да се провери наративот од временски аспект во потесниот регион. F2N2 успеа да пронајде текст од јануари 2013 година, првично објавен на српски портал за вести. Подоцна во слична форма бил објавен од страна на други српски портали во 20152017 и 2018

Извор: vesti.rs

Првата статија во Црна Гора (што F2N2 успеа да ја најде) е објавена две недели по статијата на alo.rs во 2018 година, пренесувајќи го т.н. „План на Далес“ речиси идентично.

Гледајќи го регионалниот контекст на теоријата на заговор т.н. „План на Далес“, кој цели да ги уништи Словените и православните, пристигна во Македонија во септември 2018 год. Всушност, овој дезинформативен наратив пристигна во Македонија за време на еден од најважните настани во земјата од нејзината независност, односно неколку недели пред Референдумот за промена на името со кој се отвора патот за НАТО членство и очекување за започнување на преговори со ЕУ. Видеото беше споделено повеќе од 1.100 пати, со истата содржина, но со титл на српски јазик. Во текот на јануари 2019 год. покрај тоа што ова видео беше рециклирано, на Facebook се споделуваше и друго видео, со истата содржина, но со титл на македонски јазик.

Извор: moma.org

Што е всушност таканаречениот „План на Далес“?

Таканаречениот „План на Далес“ е наводно документ подготвен од Алан Далс во периодот по Втората светска војна, насочен кон рускиот и другите словенски народи. Во согласност со наводниот план, САД преку ЦИА требало да влијаат на руското општество преку уништување на вредностите, фокусирајќи се на граѓаните преку разни канали, правејќи ги на тој начин неморални. Со други зборови, наметнувајќи им вредности кои би придонеле кон пропаѓање на општеството, а потоа и на државата. Евидентно е дека целата приказна била лансирана од новела со фиктивна содржина, преземена од страна на руската пропаганда, во предвечерието на распадот на СССР, служејќи како наратив за пропаднатата држава во тој момент. Сергеј Голунов и Вера Смирнова во рамки на нивните заклучоци признаваат дека јазикот на кој е напишан документот се совпаѓа со стилот на пишување што се користи во рускиот јазик, и тоа многу повеќе од оној што се користи во англискиот јазик. Уште еден интересен заклучок донесува Џули Федор. Додека била постдокторски истражувач-соработник, на Кембриџ универзитетот, направила истражување за мистичниот, т.н. план, и покрај другите работи потврдила дека т.н. „План на Далес“ е на врвот на теориите на заговор, и дека е невозможно да се најде официјален документ за истиот.

Кога и каде за првпат се споменува „Планот на Далес“?

Руските научници Сергеј Голунов и Вера Смирновиан, имаат објавено студија за „Планот на Далес“, како една од теориите на заговор кои се појавуваат во Русија. Анализата на текстот, што се презентира како „Планот на Далес“ покажува дека, всушност првиот и последниот параграф од текстот, се речиси идентично извадени од новелата со фиктивна содржина на Анатоли Иванов, „Вечен повик“ од 1981 година.

Во 1992 година, т.н. „План на Далес“, како поим се појавува во книгата „Мојот принц: две години во Кремљ“ на украинскиот поет Борис Олиник, објавена во Москва. Во 1993 год., Борис Олиник работи во журналот „Молодаја Гввардија“, чиј што уредник е Анатоли Иванов. Таканаречениот „Планот на Далес“ наоѓа место во овој журнал, а со тоа, за прв пат се појавува во руски медиум во 1993, во текст напишан од Борис Олиник.

Ова води до заклучокот дека наративите за пропаганда и дезинформации немаат рок на траење, ниту пак географски ограничувања, а теориите на заговор се безвременски алатки што се користат за пропаганда.

Ако културата се распаѓа, не гледај кон никого што е на власт во Русија. Очигледно се работи за заговор на ЦИА да го уништи срцето на руската моќ – Панченко.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.