ПРОРОШТВОТО КАКО ПРОПАГАНДА

На 27 Април на социјалната мрежа Facebook, преку страната Македонија и Русија  † Православен Сојуз, беше споделен натпис со наслов  “Нострадамус, и Црпнатиот го спомнал”… #Политички хумор, при што беше споделена статија која што датира од Октомври 2018 година и во која што се вели дека: “Во модерното време кратко во Македонија ќе владее еден непрокопсан владетел кој ќе проба да го уништи името на Македонија и Македонците воопшто само за да им учини добро на други владетели. Но во тоа нема да успее затоа што народот односно Македонците овој владетел ќе го симнат од престолот, по доаѓањето на новиот цар во Македонија работите ќе се нормализираат а новиот цар на Македонија ќе биде верен на народот и нема да дозволи никој повеќе да си игра со името на Македонија.

Истиот натпис со истатaта содржина е објавен и во 2018 година, во периодот на уставните измени НОСТРАДАМУС – ЕДЕН ЧОВЕК КРАТКО ЌЕ ВЛАДЕЕ СО МАКЕДОНИЈА И ЌЕ ПРОБА ДА ЈА УНИШТИ НАРОДОТ ЌЕ ЈА СПАСИ

Може да се забележи дека наводното пророштво на Нострадамус во конкретниов случај е употребено за пропаганда и се совпаѓа со актуелниот политички миг, и се совпаѓа со актуелниот политички миг, поточно уставните измени за промена на името каде конкретно се спомнува Македонија и промена на името, направена од „непрокопсан владетел“.  Во написот се споменува „цар што сака да го смени името на Македонија“ и иако не е напишано името на премиерот Зоран Заев, целосно е провидно дека се работи за него. Иако овие написи немаат речиси никаква новинарска издржаност и се пренесуваат како темно пророштво и легенда, сепак тие целат кон сензибилитетот на читателите кои бараат надисторискa смисла или натприроден контекст за случувањата.  Во текстот се вели „во модерното време“, што е првата сопка за вистинитоста на текстот. Нострадамус никогаш не пишувал конкретно време и неговите стихови можат различно да се толкуваат. Тој, исто така, многу ретко пишувал имиња на земји, а локациите најчесто ги опишувал преку географската местоположба. Нема никаков доказ дека во своите книги тој многупати ја споменува и Македонија. Доколку навистина постои ваков дел за Македонија, нејасно е зошто тој не е во стихови. Неговите пророштва биле пишувани како катрени, односно строфи од четири реда во вид на стихови и загатки. Во написот каде што се тврди дека Нострадамус пишувал за Македонија, текстот што навидум го напишал Нострадамус не е во стихови, туку е прозен текст, што не било случај со творештвото на јасновидецот пишува crithink.mk.

Тимот на F2N2 веќе пишуваше на оваа тема, Повеќе информации на следниот линк.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap