Денот на победата во Големата патриотска војна а главен празник за Кремљ гледано од многу аспекти. На Путин му треба “светоста” на 9 мај за да го консолидира национализмот внатре во државата, додека на меѓународно ниво, 9 мај има повеќе димензии за Кремљ – од една страна, со покажување на воениот арсенал во текот на воената парада, Русија го демонстрира својот имиџ на суперсила. Покажувањето сила кон Западот, 9 мај и најважниот момент поврзан со ова – маршот на Бесмртниот полк – претставуваат алатка за обединување околу заедничката историска меморија на земјите од бившиот Советски Сојуз и од Источна Европа. Покрај тоа, за Путин, наследството од Големата патриотска војна, претставува легитимност на “борбата против фашизмот” во Европа, околу која, Кремљ многу лесно успеа да го мобилизира јавното мислење за војната во Украина и анексијата на Крим.

Иако, пандемијата ги спречи големите планови на Путин за пролетта 2020, сепак, настаните поврзани со 9 мај се префрлени од улица на интернет.

Мај 9, 2020 беше особено важен за Путин, затоа што ќе се одбележеше за прв пат откако Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата во септември 2019, во која се обвинува Русија за “намалување” на злосторствата спроведени од Советскиот Сојуз, и, се повикуваат земјите членки да ја вклучат историјата и анализите за последиците од тоталитарниот режими во образовните програми и учебниците.

 

Резолуција на Европскиот Парламент: “Како директна последица на пактот Молотов – Рибентроп, проследен со договорот за Граници и пријателство меѓу нацистичка Германија и Советскиот Сојуз од 28 септември 1939 година, следуваше инвазија на Полска, прво од Хитлер, а две седмици потоа, од Сталин –  што претставуваше лишување на државата од својата независност и трагедија за полскиот народ – комунистичкиот Советскиот Сојуз започна агресивна војна против Финска на 30 ноември 1939 година, и во јуни 1940 година окупираше и анексираше делови од Романија – територии коишто никогаш не беа вратени – и ги анексираше независните Литванија, Летонија и Естонија… Европскиот Парламент е длабоко загрижен од напорите на сегашното руско раководство да ги искривува историските факти и да ги оправдува злосторствата од советскиот тоталитарен режим.”

Резолуцијата на Европскиот Парламент предизвикала сериозни потреси во Кремљ. Во текот на средбата на 11 Декември организирана од страна на комитетот за прослава на 75 годишнината од победата во Големата патриотска војна, Путин изразил загриженост за еден дел од резолуцијата, во кој се тврди дека пактот Молотов – Рибентроп ја поттикнал Втората светска војна. Путин ја обвинил Европската Унија за фалсификување на историјата и изразил огорченост за “израмнувањето” на нацистичка Германија со Советскиот Сојуз.

Со оваа изјава, Путин ја “израмнува” Полска со Советскиот Сојуз, претставувајќи ги двете земји како жртви на Нацизмот. Сепак, на 17 септември 1939 година, 16 дена по нападот на нацистичка Германија врз Полска, Советскиот Сојуз извршува инвазија на Полска од исток, и набргу, брз база на пактот Молотов – Рибентроп, дури и одржуваат заедничка воена парада со нацистичка Германија.

Зборувајќи на годишната прес конференција во декември 2019 година, Путин повторно изразил огорченост за спомнувањето на нацизмот и комунизмот како тоталитарни режими со една резолуција, која ја нарекол “краен цинизам” Дополнително, тој дури и ветил дека ќе објави сторија за Втората светска војна во која ќе биде неговото толкување за историјата.

Путин повторно го поставил ова прашање од резолуцијата на 20 Декември, во текот на неформалниот самит на ЗНД, на крајно невообичаен начин: со архивски документи во неговите раце, почнал да чита одредени делови, наведувајќи дека договорот од Минхен претставува пресвртница во историјата. Ни тука, не ја заборавил заедничката историја: “И после се, каде е историјата? Одлучив да го одговорам ова прашање и побарав од моите колеги да ги проверат архивите. Кога почнав да ги читам, открив нешто, што мислам дека ќе биде интересно за сите нас, затоа што сите ние доаѓаме од Советскиот Сојуз”.

Не е само новиот коронавирус кој ја спречи демонстрацијата на алтернативната историја, истата, беше спречена и од закажаниот референдум на 22 април за уставни измени, со кои ќе му се дозволи на Путин да се кандидира повторно за претседател во 2024 година. Одбележувањето на Денот на победата на 9 мај, беше дел од планот – демонстрирање на Путиновата лична моќ по успешниот референдум. Овие планови, сепак, не беа откажани моментално по прогласувањето на коронавирусот за пандемија. Ова се потврдува со фактот дека, и покрај пандемијата и зголемениот број на случаеви со COVID-19 во Русија, Путин продолжи со подготовките за воената парада на 9 мај – на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат стотици војници како вежбаат за парадата.

Поради пандемијата, Русија ги откажа сите настани на целата територија, вклучувајќи ги и маршевите на Бесмртниот полк во и надвор од државата. Сепак, јасно е дека откажувањето на уличните настани, не значи бришење на 9 мај од меморијата. Путин, како што се наведува, планира да го одбележи 9 мај со воздушна парада, додека Федералната Агенција за млади, планира да дистрибуира 15 милиони Свети Ѓорѓија ленти со помош на волонтери. На 9 мај, населението планира да ја пее “День Победы” (Руска песна за Денот на победата), на терасите низ целата држава.

Сепак, главните настани беа поместени од улица на интернет.

Бесмртен Полк дома 

Бесмртен полк, кој стана еден од главните алатки на агендата на Кремљ за препишување на историјата од 2014 година, исто така беше преместен на интернет. Бесмртниот марш за комеморација на предците, многу брзо се претвори во оружје: заедно со сликите од предците, во маршот се вклучени и симболи кои не се поврзани со историјата на семејството, како што се фотографии од Јозеф Сталин. Авторите на оваа идеја беа избркани и обележани како странски агенти; собирање на фотографии од западни војници беше забрането, додека пак, приказните за семејството се претворија во симбол на пораз на заедничкиот непријател.

Владимир Путин: “[Бесмртен полк] претставува огромен потенцијал за меѓународна соработка за заштита на историската вистина и заедничката меморија, за зближување на народите и зајакнување на меѓусебната доверба.”

Настанот Бесмртен полк сепак ќе биде одржан. На 20 април, Сергеј Лепенков, лидер на движењето, ги повика граѓаните да постираат фамилијарни фотографии и приказни, и на 9 мај, овие приказни ќе бидат објавени на интернет страницата на Бесмртниот полк.

Бесмртниот Полк ќе го пречека 9 мај добро организиран на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, и Вконтакте. Различни кампањи се организирани со различни хаштази (#75летПобеды, #Бессмертныйполкдома, #МойПолкДома, #БессмертныйПолк2020), кои ја зголемуваат интеракцијата и вклученоста на граѓаните. Во име на Полкот, користејќи хаштази, граѓаните постираат фотографии од нивните семејни ветерани, снимаат видеа, раскажуваат приказни за нивните предци.

Бесмртниот полк, исто така, ги повика граѓаните на своите прозори да ги постават фотографиите кои планирале да ги носат на маршот.

9 мај и Бесмртниот полк во Грузија 

 

Бесмртниот полк, за прв пат се појавил во Грузија во 2017 година. Маршот на Бесмртниот полк е главна политичка активност на “Руски светови”, партнер организации кои делуваат во Грузија. На 9 мај, 2019 година, движењето против окупацијата, одржа контра собир носејќи постери на НАТО и фотографии од Гиорги Антцукхелидзе, кој бил измачуван и убиен во текот на Руско – Грузиската војна во 2008 година.

Фејсбук страната на Бесмртен полк од Грузија е помалку активна од руската. Има само неколку повици и хаштази за одбележување на 9 мај на интернет; сепак, неколку постови од страници на Бесмртниот полк од други земји, се шират во текот на денот. Само два поста поврзани со прославите на 9 мај, може да се најдат на страната на Лика Захарова, која го претставува Бесмртниот полк во Грузија – на 29 април Захарова постирала дека 9 мај во Грузија ќе биде одбележан на интернет; таа, сепак, не ги објаснила деталите. На 1 мај, Захарова информирала за креирање на меморијална книга која ќе содржи приказни за хероите од Големата патриотска војна.

Грузиските Фејсбук страници го одбележаа 9 Мај со само две активности – едната активност на Фејсбук беше креирана од страна на Бесмртниот полк на Грузија, а втората активност со знамето на Советскиот Сојуз на Рајхстагот од страна на Фејсбук страната Politicano, со линкови до Центарот Јевгени Примаков и News Front Georgia.

Коронавирусот ги попречуваше активните подготовки за маршот на про-руските организации во Грузија. Темур Пипиа, претседател на партијата Обединети комунисти на Грузија, кој ја посетил Русија пред крај на март, пробал да внесе во Грузија 290 комеморативни медали за одбележување на 75 годишнината од победата во Големата патриотска војна, но царинските работници му ги заплениле комунистичките симболи во согласност со законските одредби.

Грузиските окупирани региони Абхазија и Самачабло спроведуваат поинтензивни подготовки за одбележување на Денот на Победата на интернет. На 28 април, властите во Цхинвали, објавија декрет за усвојување на второто име на Цхинвали од ерата на Советскиот Сојуз – “Сталинир”. Учениците го започнале неформално натпреварување во постирање на поеми и видеа со воена содржина.

Окупираната Абхазија планира настан под името “Ленти Свети Ѓорѓија”. Претставник на Федералната агенција за односи со ЗНД во Абхазија забележал дека воени доктори ќе дистрибуираат “Ленти Свети Ѓорѓија”. Абхазија исто така планира да одржи настан под името ”Меморијална Градина” и “Диктат на победата”. Исто така, почнувајќи од мај, предавања за херојските дела во текот на Втората светска војна ќе бидат објавувани на интернет страницата на Федералната агенција за односи со ЗНД.

 

“Незнајниот знаменосец,” “Состанок со Русија,” “Предводник на победата” и други пропаганди настани

 

Паралелно со виртуелниот марш на Бесмртниот полк, серија на настани за одбележување на Денот на победата се исто така планирани во Русија. Официјална интернет страница за 9 мај продолжи со функционирањето како дел од настаните за одбележување на 75 годишнината од победата во Големата патриотска војна. Интернет страницата нуди различни приказни за парадите на 9 мај, настани и битки со воени песни во позадина. Официјалните симболи на настаните се слични со Советските симболи, пропагандни постери, повици за служење војска.

Официјалниот хаштаг за годишнината е #ПОБЕДА75. Од 1 мај, повеќе од 55.000 постови со истиот хаштаг може да се најдат на Вконтакт и повеќе од 45.000 постови на Инстаграм. Очигледно е дека виртуелната кампања за 9 мај не може да помине без учество на децата. Овде се сретнуваме со добропознатиот метод на пропаганда – милитаризација на децата, патетични видеа и симболи поврзани со војната.

Покрај различните кампањи на социјалните мрежи со политички и историски содржини, во Русија се планирани и културни настани за одбележување на Денот на победата на 9 мај. Културата е интегрален дел од хибридната војна на Кремљ. Москва се обидува да креира агенда и да го мобилизира јавното мислење околу политичките теми под закрила на натпреварувања, фестивали, хумористични програми, поеми и песни.

Социјални медиуми/ интернет/ ТВ кампањи

Претставување на интернет на Свети Ѓорѓија лентите во период 4-9 мај; исто така 15 милиони ленти ќе бидат поделени во тој период. Окупираната Абхазија исто така ќе се вклучи во кампањата.

РИА ЛАБ виртуелна апликација “Незнаен знаменосец”, со која играчот се трансферира во тело на војник на Советскиот Сојуз со цел да се помогне да се развиорува Советското знаме над Рајхстагот.

“Сведоци на раѓањето на историјата” – ја чита виртуелната слика на видеото од кое се слуша Путиновата верзија на историјата – историјата на Втората светска војна не започнува со “медениот месец” на Сталин и Хитлер, туку со 9 мај 1945 година. Истото размислување се слуша и на крајот од проектот: “Ниту една личност која била во Берлин во текот на тие долги со мирис на барут денови, немал никаков сомнеж за тоа која држава била ослободувач”

Културни настани

 

Интернет фестивал на воени филмови “Средби со Русија” се одржува во Русија од 3 април до 9 мај.

Официјална интернет страница за 9 мај со симболи на Советскиот Сојуз.

Интернет натпревар на воени песни  “Знаменосачи на победата” – корисниците ги постираат сопствените воени поеми. Советски симболи – медали, ленти Свети Ѓорѓија, воени униформи – се користат многу често.

“Бесмртен полк дома” – кампања на социјални медиуми со хаштаг #БессмертныйПолкРоссии, #БессмертныйПолк, #БессмертныйПолкРФ, #БПР #75летПобеды, #Бессмертныйполкдома, #ЗнаменосецПобеды, #МойПолкДома, #БессмертныйПолк2020, #ПОБЕДА75.

Во име на полкот, граѓаните постираат фотографии на воени ветерани. Нивите стории и фотографии се објавуваат на официјалната интернет страница на полкот.

 

Планирано е одржување на интернет натпревар во песни “Патот до Јалта”, кој е првично испланиран во анексираниот Крим. Сега, натпреварувачите ќе изведуваат воени песни од дома; овие песни ќе се пренесуваат и на ТВ

 

Рускиот Канал 1 и РИА Новости имаат посветено специјална програма за 75 годишнината од победата во Големата патриотска војна, со користење на изобилство од Советски симболи.

Додека Кремљ го одбележува Денот на победата во Големата патриотска војна на 9 мај, земјите од Западна Европа ја одбележуваат победата во Денот на Европа на 8 мај. Со години одбележувањето на денот на победата над нацизмот било оспорувано помеѓу активистите и различните засегнати страни. Грузија треба да им оддаде почит на жртвите на војната заедно со Европа и не треба да дозволи Кремљ да го користи 9 мај како политичка алатка.

Извор: mythdetector.ge

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.