ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА, РЕСТРИКЦИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖАТ И ВО ЈАНУАРИ

Tags: COVID-19GermanyRestrictions
By ноември 27, 2020 ноември 29th, 2020 Retrieved

БЕРЛИН (Ројтерс) – Германија најверојатно ќе мора да се придржува до мерките за ублажување на пандемијата и во јануари, смета канцеларката Ангела Меркел.

Со оглед на бројот на случаи, претпоставуваме дека мерките кои беа воведени пред Божиќ, ќе продолжат да важат и на почетокот на јануари во поголемиот дел од Германија. „За жал, не можеме да ветиме дека ќе има олеснување на мерките за Божиќ и Нова година“, изјавила Меркел пред парламентот.

Канцеларката и лидерите на 16-те покраински влади се согласиле да го продолжат делумниот карантин до крајот на годината, но Меркел предупредила  дека постои голема веројатност рестриктивните мерки да останат на сила и следната година. Според неа,  растот на бројот на заразени сè уште е преголем, а и бројот на смртни случаи е причина за силна загриженост. Таа најавила и дека вакцините би можеле да стигнат пред Божиќ.

 

Извор: Reuters

Share via
Copy link
Powered by Social Snap