„РИЗИЦИ И РАНЛИВОСТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН“-ИЗВЕШТАЈ НА СТРАТКОМ

Извештајот „Ризици и ранливост на Западен Балкан“ е базиран на едногодишната студија спроведена од Центарот Глобален Фокус –„Пропаганда по мерка: Димензии на ризик и капацитет на Западен Балкан“. Студијата ги идентификува слабостите кои може да се искористат од одредени играчи кои се непријателски настроени, а кои пак, потоа  може да го наметнат своето влијание врз регионот.

Извештајот примарно се фокусира на слабостите за кои Русија демонстрира подготвеност да ги искористи, со цел да ја активира својата способност за мешање во регионот. Методите на Кремљ се воочуваат во наративите кои ги употребуваат наметнувајќи се како „Заштитници на словенството и традиционалните вредности и едновременото врамување на агресивниот Запад како контра баланс на нивните тези“. Ова се политики кои Москва веќе ги демонстрираше со цел да ја наметне својата инфериорност во овој регион, се наведува во извештајот.

„Дали овој ангажман е само опортунистички или сепак е дел од добро подготвена стратегија, мора внимателно да се истражи“- стои во извештајот. Деталната анализа често забележува дека многу од проблематичните ситуации во Западен Балкан се совпаѓаат со омилените тактики на напади од Русија.

Извештајот заклучува дека:

  • Обидите за промовирање на владеењето на правото и медумската слобода во земјите од Западен Балкан генерално резултираа со слаби исходи, а стапката на корупција и криминал останува висока;
  • Економиите во овие земји остануваат зависни од странските инвестиции, додека граѓанското општество станува лесен таргет за различни информациски наративи, особено кога во тековната клима постои недостиг на доверба помеѓу владата и јавноста.

Сите наведени фактори придонесуваат за создавање на средина која е ранлива на надворешно  непријателско влијание.

Како резултат на тоа,  голем дел од субверзивната активност на Западен Балкан, има цел да ја поткопа агендата на Западот, за регионот. Во фокусот на оваа теоретска рамка, се чини дека одредени карактеристики на Западен Балкан, како што се високата економска зависност од силите кои не гравитираат со Западот, стратегиското усогласување со политичките агенди кои не ги делат Евроатланските вредности и ограничената интеракција со Западот, придонесуваат за ранливоста. Како и да е, овие карактеристики произлегуваат од слободното користење на суверенитетот на државата.

 

Индексот на пропустливост/ранливост- на скала од 0 (нула) до 3 (три)

Индексот на пропустливост како показател ја мери ранливоста на една земја, односно слабостите и ранливоста, кои може да бидат искористени од страна на извесни играчи кои се непријателски настроени, а во тој случај може да го наметнат своето влијание врз таргетираната публика. Во таа насока, мерењето на  овој показател, може да придонесе кон значајни сознанија кои можат да се искористат за креирање на успешна и специфична стратегија, во насока на пресретнување на непријателското влијание, кoе предизвикува атмосфера на конфронтации во земјата.

Слика 1: Индекс на пропустливост/ранливост

 

Кога резултатот на индексот на пропустливост кај една земја во одреден домен е помал од 1,5, тоа укажува дека таа ранливост не е искористена од непријателските играчи лесно. Земјите кои имаат резултат над 2, треба веднаш да превземат контра мерки. Оценката од 2, 25 укажува на системски слабости, кои предизвкикуваат голема загриженост.

Индексот на пропустливост во Северна Македонија постигна најниско ниво во поглед на индексот на вкупна пропустливост, како што може да се воочи од приложената табела. Некои ранливости кои се загрижувачки, се идентификувани. Тие се концентарција на моќ и слаби институции, надополнети со ниска јавна доверба и политичко фаворизирање.

 Индексот на пропустливост/ранливост на општеството

Во поглед на Индексот на пропустливост на општеството, Северна Македонија има релативно низок резултат од 1,4,  за што има малку поинакво толкување. Истражувањето беше спроведено во контекст на тогашните политички случувања, посебно потпишувањето на Преспанскиот договор, што  влијаеше на откочување на интеграцијата на Северна Македонија во НАТО, како и на одлучувањето во поглед на отворањето на вратата за преговори со ЕУ.  И покрај тоа што не е на исто ниво како Албанија, Северна Македонија ужива внатрешна кохезија кога таа доаѓа од западната ориентација на земјата, што придонесува за полема еластичност/отпорност на општетството кон анти-западните агенди и наративи. Сепак, се’уште корумпираните медиуми  обезбедуваат канали за такви наративи често. Областите со голема загриженост ( над 2,25 за индексот на пропустливоста/ранливоста)  вклучуваат:

  • политичко фаворизирање
  • социјална нееднаквост
  • ниска доверба во јавните институции

 

Индекс на економска пропустливост/ранливост

Слика 2: индекс на економска пропустливост

 

Во повеќето аспекти, Северна Македонија има низок просек од 1,5 што придонесува за агрегиран резулатат на Индескот на економска пропустливост од 1,41. Сепак, макроекономските политики се покажуваат како неефикасни, а медиумскиот бизнис модел како неодржлив. Ова води кон корумпирани медиуми и пристрасно известување. Недостигот од конкурентност и транспарентност, влијаат кон создавање на јаз во Северна Македонија. Политичкото фаворизирање, картелизацијата и политичкиот кронизам,  придонесуваат за концентрација на богатството во одредени стратегиски сектори. Индекост  од 2,25 кој може да се забележи во табелата, укажува на користење на политичкото фаворизирање со цел акумулирање на богатство, што предизвикува голема загриженост.

 

Индекс на политичка пропустливост

Слика 3: Табела за индекс на политичка пропустливост/ранливост

 

Показателот  на Северна Македонија  во овој домен е релативно низок (1,79). Сепак, неопходно е проблемите да бидат адресирани навремено, вклучително заробената држава, владеењето на правото и национализмот. Сите овие фактори влијаат за еродирање на политичкиот систем и креирање на окружување кое е подложно на непријателско влијание. Општо земено, земјата ужива релативно задоволителна политичка застапеност, иако остануваат слабостите во јавната администрација. Се верува дека креирањето политики се базира на групни и поединечни интереси и идеологија, а државните службенци не се доживуваат како независни. Моќта на политичките партии е конценрирана во рацете на една личност  или мала група на луѓе. Независноста на демократските институции е најголем  предизвик генерално. Се чини дека правниот систем е зависен од надворешни фактори, повеќе од владеењето на правото.  Областите со голема загриженост ( индекс на пропустливост/ранливост над 2,25) се:

  • концетрација на моќ во политичките партии
  • правосуден систем заробен од политички или деловни интереси

 

Надворешна политика и Индекс на пропустливост/ранливост на безбедоност

Слика 4: Табела за надворешна политика и индекс на пропустливост за безбедност

 

Во овој домен, показателот на Северна Македонија  е 1,42 што не претставува значителна слабост. Севкупно гледано, земјата има цврста евроатланска ориентација, се подготвува за влез во НАТО, инвестира политички напор во деблокирање на нејзиниот пат за пристап во ЕУ. Сепак, националната еластичност/отпорност не е целосно развиена, а слабостите укажуваат на присуство на хибридни закани заедно со неразвиената опшестевна еластичност. И покрај целосната ниска ранливост, агендата за надворешна политика и безбедност на Северна Македонија треба да даде приоритет  на градењето елестичност и развој на долгорочна стратегија. Областите кои вклучуваат голема загриженост (Индекс на пропустливост над 2,25) се:

Заклучоци:

  • Обидите за промовирање на владеењето на правото и медумската слобода во земјите од Западен Балкан генерално резултираа со слаби исходи, а стапката на корупција и криминал останува висока;
  • Економиите во овие земји остануваат зависни од странските инвестиции, додека граѓанското општество станува лесен таргет за различни информациски наративи, особено кога во тековната клима постои недостиг на доверба помеѓу владата и јавноста.

Сите наведени фактори придонесуваат за создавање на средина која е ранлива на надворешно  непријателско влијание. Како резултат на тоа,  голем дел од субверзивната активност на Западен Балкан, има цел да ја поткопа агендата на Западот, за регионот. Во фокусот на оваа теоретска рамка, се чини дека одредени карактеристики на Западен Балкан како што се високата економска зависност од силите кои не гравитираат со Западот, стратегиското усогласување со политичките агенди кои не ги делат Евроатланските вредности и ограничената интеракција со Западот, придонесуваат за ранливоста. Како и да е, овие карактеристики произлегуваат од слободното користење на суверенитетот на државата.

Препораки:

Со цел да се елиминираат заканите и да се ублажат ефектите од нивните потенцијали, изготвени се одредени препораки:

  • Не постои решение кое е универзално и ќе одговора за примена во секоја земја. Секоја држава мора да ја разбере својата ранливост, да ги идентификува институционалните недостатоци и да креира  прилогодена стратегија со која ќе се спротистави, за да ги елиминира утвдредните слабости.
  • Спротиставување на непријателското влијание. Земјите треба да усвојат пристап според кој целото општество ќе се насочува да размислува стратегиски. Краткорочно, контра мерки ќе бидат чекор за таргетиран одговор кој ќе придонесе за спречување на непријателските активности. Долгорочно, треба да  се превземат мерки за градење еластичност на долг рок.
  • Инвестирање во граѓанското општество и негово зајакнување, граѓанско образование, критичко размислување и медиусмка писменост- сето ова е основа за градење еластичност, особено во  окружување кое е изложено на многу мрежи.
  • Соработка, споделување  на најдобрите практики  и совладаните лекции се суштина на успехот. Секоја земја има свое специфично опкружување, а Западен Балкан споделува многу заеднички предизвици и закани. Секоја земја може да има придобивка од искуството на другите. Националните влади од овие држави треба да бидат способни да овозможат пристап до стручноста на ЕУ и/или земјите кои се членки на НАТО во подготвувањето на нивната еластичност и стратегии за одговор, како и во градењето на институциите и унапредување на нивната експертиза при истражувањата и справувањето со феноменот.

Препораките не се ограничени само на владите на земјите од Западен Балкан. Меѓународната заедница, вклучително и ЕУ и НАТО, треба да се вклучат во создавање на сеопфатна стратегија за зајакнување на еластичноста на регионот кон непријателско влијание. Процесите ќе испорачаат најдобри резултати за двете страни, само доколку вистински се настојува соочувањето со овие предизвици да биде заедничко.

 

Извор: Stratcomcoe.org

Share via
Copy link
Powered by Social Snap