РУСИЈА Е ЗАД НАТО СОЈУЗНИЦИТЕ, НАЈМАЛКУ 20 ГОДИНИ

Дезинформација бр:

#115

Дата:

26.04.2020

Извор:

magazin.mk

Време на читање:

4 мин.

Oригинален наслов: страв и трепет за непријателите на русија: најсовремен систем за одбрана кој ќе ја штити москва, дури и од нападите од свемирот(видео).

Авторот на текстот пренесува информација дека “Одбраната на Русија во моментов тестира наjсовремен ракетен систем кој ќе го заштити главниот град од секаков вид закани, вклучувајќи ги и оние од вселената.” Понатаму, во текстот се наведува дека “иако новите ракети можат да работат во ниската орбита зона, нивната примарна цел останува да го заштитат московскиот регион”и истите можат да направат разлика дали се работи за боевата глава или мамка, која е поставена на сите интерконтинентални ракети. Истотака, авторот наведува дека се работи за хиперсоничен ракетен систем кој постигнува брзина 10 пати поголема од брзината на звукот (10maha), чие тестирање започнало уште во 2014 година. На крајот, се наведува дека особеноста се состои во фактот што “новата ракета нема да носи никаква глава, туку ќе ја уништи целта со својата кинетичка енергија,” како и во способноста “ракетите за лансирање се монтираат на сите теренски возила, овозможувајќи им да се пренесат брзо и тајно во посакуваната област.”

Линк до архивираниот оригинален натпис може да го најдете овде.

Порталот Магазин.мк во целост го превзема текстот од српскиот портал  Курир.рс. Времето на објавување на статиите е доста симптоматично. Имено, Курир.рс прв ја објавува статијата на 26.04.2020 во 17:12 часот, а Магазин.мк експресно ја превзема и објавува 26.04.2020 во 21:52 часот.

Платформата A-235 PL-19 Nudol е замислена да биде замена за постоечкиот А-135 (НАТО кодификација GAZELLE) анти-балистичкиот ракетен систем што моментално е во служба во Русија. Престојниот хиперсоничен анти-балистички ракетен систем A-235 PL-19 Nudol, чија првична намена е заштита на Москва и важните индустриски региони од нуклеарни напади, е потежок и поспецијализиран од С-500, кој нема да има можност за таргетирање на борбени авиони. Според плановите, системот А-235 се очекува да има опсег од над 1000 км и да може да погоди цели надвор од Земјината атмосфера, на надморска височина до 800 км. Но, се поставува прашањето дали првичната намена е за одбрана од балистички ракети, или истиот е наменет за против-сателитско војување?

Најпрвин, од 2012 година, во САД е оперативен интегриран систем за против-воздушна и анти-ракетна одбрана  познат по кратенката THAAD (Integrated Air and Missile Defense). Првичните тестирања на овој систем се направени во 2000 година. Се работи за пренослив систем наменет за пресретнување балистички ракети во и надвор од атмосферата за време на нивната последна или терминална фаза на летање. THAAD користи едностепен “погоди-да-убиеш” пресретнувач за да ги уништи дојдовните балистички ракети. THAAD е во состојба да пресретне дојдовни проектили внатре на опсег до 1000 километри, и надвор од Земјината атмосфера на опсег од 200 км, што ги ублажува ефектите од оружјето за масовно уништување пред истите да стигнат до земјата. Способноста да се пресретнат, и внатре и надвор од атмосферата, го прави THAAD важен дел од концептите на слоевита ракетна одбрана на САД и НАТО сојузниците.

Но, овој фамозно најавуван систем ќе биде многу поскап и од С-500 системот и, доколку ги помине тестирањата, би бил оперативен за неколку години. Дали ќе дојде до негова финална реализација и операционализацијa останува времето да покаже бидејќи Русија има долга историја на пропаднати воени проекти, а една од главните причини е и неможноста да се носи со финансиските трошоци поврзани за нивното производство. Во продолжение, издвојуваме неколку пропаднати воени проекти на Русија:

 

  • Прекинато производство на тенкот Т-80, кој поради слабите способности, покажал поразителните резултати во борба;
  • Помпезно најавуваниот “супер тенк” Т-14 Армата, поради технички проблеми, заглави на воената парада во 2015 година;
  • Единствениот носач на авиони “Адмирал Кузњецов”, поради технички проблеми, често пати заглавува и истиот мора да биде влечен назад до пристаништето;
  • Микојан Проектот 1.44 (МиГ 1.44) за повеќе од 30 години успеа да произведе само еден прототип;
  • Лансирањето на сателитите во вселената од програмата “Тундра” доцнеше неколку години поради технички проблеми;
  • Само еден модел на подморница од К-222 класата (НАТО кодификација “Папа”) била произведена поради огормните финансиски трошоци поврзани со нејзиното произвдство, иако истата беше помпезно најавувана како најбрзата подморница;
  • Борбениот авион од типот Су-47 Беркут (НАТО кодификација “Фиркин”) покажал големи технички слабости во летањето (проблеми со крилата), поради што производството било прекинато поради големите финансиски трошоци поврзани со нивното поправање;
  • Тенкот Црн Орел (Руска десигнација Објект 640)

 

Авторот користи строго селектиран извор кој шири анти-НАТО наративи, кој преку извртување на вистинските факти, настојува дека Русија има воена супериорност над САД и НАТО. Тимот на F2N2.mk  го цени овој текст како класичен пример на руска пропаганда која се шири преку српски портал во Северна Македонија, и дезинформација чија цел е дискредитирање на САД и НАТО сојузниците. Целта на авторот е да создаде чувство на несигурност, како и да шири анти-НАТО наратив во општеството.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap