РУСИЈА И СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ ОБИДУВААТ ДА ГИ ХАКИРААТ ИСТРАЖУВАЊАТА ЗА КОВИД-19, ОТКРИВА МАЈКРОСОФТ

Русија и Северна Кореја ги хакираат научните истражувања за корона-вирусот и потенцијалните вакцини. Седум компании кои развиваат вакцини против корона-вирусот и вршат научни истражувања на третмани за лекување, во неколку наврати биле цел на хакерски напади, објавил Мајкрософт на 15 ноември 2020.

„Цели на хакерски напад биле водечки фармацевтски компании и истражувачи на вакцини во Канада, Франција, Индија, Јужна Кореја и САД“, појаснува корпоративниот потпретседател на Мајкрософт за безбедност и доверба на клиентите, Том Барт,  на блогот на Мајкрософт.

Според податоците, како напаѓачи се посочуваат три групи:

  • единицата на руската агенција за воено разузнавање Стронциум, позната и како Фенси мечка и АПТ28;
  • хакерски тим од Северна Кореја, Цинк, попознат како група Лазарус;
  • уште една група од Северна Кореја, Цериум.

Според Барт, безбедносните алатки на Мајкрософт ги блокирале најголем дел од нападите. Тој додава дека ги известиле сите организации кои биле предмет на нападите, а онаму каде нападите биле успешни ја понудиле нивната помош.

За хакерските напади на научните истражувања за КОВИД-19, тимот на Ф2Н2 извести и претходно.

 

Извор: Politico.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap