МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека гласањето на национално ниво за уставните амандмани кои би можеле да му овозможат понатамошно продолжување на неговото владеење, ќе се одржи на 1 јули.

 

За време на неговото гостување во телевизија, тој во понеделникот  01.06.2020, изјавил  дека темпото на коронавирус во Русија е забавено. Според него изборнaта администрација безбедно ќе може да го одржи гласањето. Доколку бидат одобрени, уставните амандмани би му овозможиле на Путин да остане на власт до 2036 година, доколку биде реизбран.

 

Гласањето за уставните амандмани беше одложено во април годинава, поради пандемијата од коронавирус. Официјални лица соопштиле дека гласачите ќе имаат можност да гласаат и во текот на шест дена пред 1 јули, со цел да се избегнат гужвите и да се зголеми безбедноста во услови на пандемија.

 

Извор: nytimes.com

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.