РУСКИТЕ ШПИОНИ ГИ ТАРГЕТИРААТ ОРГАНИЗАЦИИТЕ КОИ РАЗВИВААТ ВАКЦИНА ЗА КОВИД-19

Руските шпиони  таргетираат организации кои се обидуваат да развијат вакцина против коронавирус во Велика Британија, САД и Канада, предупредуваат безбедносните служби.

 

Националниот центар за сајбер безбедност на Велика Британија известува дека хакерите „скоро сигурно“ работеле како „дел од руските разузнавачки служби“. Не се прецизира кои организации биле мета, како и дали биле украдени информации. Сепак, се вели дека истражувањето за вакцините, не било спречено од хакерите.

 

Агенциите на Велика Британија, САД и Канада соопштија дека хакерите искористиле софтверски недостатоци, за да можат да добијат пристап до ранливите компјутерски системи и користеле малициозен софтвер наречен WellMess и WellMail за да испраќаат и преземаат датотеки. Русија ја негираше одговорноста.

 

„Немаме информации за тоа кој би можел да хакира во фармацевтски компании и истражувачки центри во Велика Британија. Можеме да кажеме една работа – Русија нема никаква врска со овие обиди“, изјавил Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот Путин, според новинската агенција Тасс.

 

Извор: BBC.com

Share via
Copy link