САД НЕ ПОТПИШАА КАПИТУЛАЦИЈА ВО ИРАК

Дезинформација бр:

#159

Дата:

14.06.2020

Извор:

kolozeg.info

Време на читање:

4 мин.

Оригинален наслов: САД Потпишаа Капитулација во Ирак, Не Бараат Веќе ни Бази Туку Само Едно: Не Пукајте во Нас Додека Бегаме!

На 14.06.2020, Kolozeg.info објави текст во кој пренесува тврдење дека САД потпишале капитулација во Ирак. Ова тврдење е пренесено во насловот, а не е поткрепено со докази во текстот, во кој се изнесени и други невистинити тврдења.

 

Линк до оригиналната статија тука.

 

САД не потпишаа капитулација во Ирак, како што се тврди во насловот на овој текст.  Во текстот кој го анализираме стои дека „по повлекувањето на Јенките со опашката меѓу нозе сега и од Ирак, како и претходно од Авганистан, Сирија, и наскоро и од Бондстил Косово (види подолу) и од секаде, сите глобалофашистички квислинзи и слуги, вклучително и Хунтата и терористите од УЧК, ќе се соочат сами и “без грб” со гневот на народите кои досега од нив со години крвареа. Како што пишува AlMasdarNews.com, во петокот потпишаната капитулација со владата на Ирак е тотална и САД истиот ден потврдија дека во разговарите со ирачката влада не бараат веќе ни постоени воени бази (кои ги договорија во 2008) или трајно воено присуство во Ирак! Единствен услов, како и во Авганистан,не пукајте во нас додека бегаме! “

Вистина е Багдад и Вашингтон во четвртокот 11.06.2020 ја реализираа почетната сесија од стратешкиот дијалог, со цел да разговараат за билатералните врски и да одлучат за иднината во поглед на присуството на американските сили во Ирак. Поради заканата од коронавирусот, дијалогот е реализиран онлајн. Целата заедничка изјава е достапна на следниов линк.

Официјални претставници на САД и Ирак се согласија околу одлуката да го намалат бројот на американските бази во Блискиот исток во наредните месеци.

Во заедничката изјава за стратегискиот дијалог помеѓу САД и Ирак од 11.06.2020, двете држави го признаа напредокот постигнат во поглед на елиминацијата на заканата од Исламска држава, што им овозможува на САД да продолжат да ги намалуваат своите сили во Ирак во текот на следните месеци.

Двете држави ги потврдија принципите договорени од двете страни во Стратешкиот рамковен договор (СФА), како и начелата во размената на дипломатските белешки и писмата на Република Ирак до Советот за безбедност на Обединетите нации од 25 јуни 2014 година (С / 2014/440) и 20 септември 2014 година [С / 2014/691], соодветно. Соединетите држави ја потврдија својата почит кон суверенитетот на Ирак, територијалниот интегритет и релевантните одлуки на ирачките законодавни и извршни органи.

САД дополнително ќе разговара со ирачката влада за статусот на останатите сили во земјата, бидејќи го „ насочуваат својот фокус кон развој на билатерална безбедносна врска заснована на силни меѓусебни интереси“, се вели во соопштението.

Ирачката влада соопшти дека останува посветена „во заштитувањето на воениот персонал на Меѓународната коалиција и ирачките објекти што им се домаќини“.

Во заедничкта изјава се вели дека САД и Ирак ќе ја продолжат соработката во економски и енергетски области, како и во поглед на политичките прашања.

Дискусијата за она што треба да следи, се очекува да биде реализирана во јули во САД.

Двете страни ја потврдија важноста на стратегискиот однос и нивната решителност да преземат соодветни чекори за нејзино зајакнување во интерес на обете земји и за постигнување безбедност, стабилност и просперитет во регионот.

Од 2014 година, примарната мисија на американските бази распоредени во Ирак ја порази милитантната група Исламска држава. Официјални претставници во коалицијата предводена од САД, сметаат дека ирачките сили сега генерално можат сами да се справат со бунтовниците.

Западните воени обучувачи се очекува да останат во Ирак, но не е прецизирано до кога. САД имаат стационирано околу 5.000 војници во земјата, а коалициони сојузници уште 2.500.

САД не капитулираа во Ирак. Целта на ваквото тврдење е обидот за погрешно наведување на јавноста за да се добие впечаток дека САД ги оставаат на цедило земјите на кои им ја понудиле својата поддршка.

 

Тимот на Ф2Н2 го оценува овој текст како дезинформација.

Leave a Reply

Share via
Copy link