САД ЗАГРИЖЕНИ ПОРАДИ ХАКЕРСКИ НАПАДИ ВРЗ ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

(Ројтерс) – САД се загрижени од заканите за сајбер напади врз Чекиот здравствен сектор, изјави Државниот Секретар Мајк Помпео во петокот (17.04.2020). Тие кои што стојат позади ваквите обиди треба да бидат подготвени “да сносат последици“ додаде тој.

Две болници во Чешка пријавија обиди за напад на нивните компјутерски системи во Петокот (17.03.2020), еден ден откако граѓанска организација која работа во областа на сајбер безбедноста објави дека се олекува бран на сајбер напади врз клучната државна инфраструктура.

“ Го повикуваме одговорниот да се воздржи од спроведување на вакви попречувачки и злонамерни сајбер активности насочени против здравстениот систем на Чешката Република или слична инфраструктура на други локации“, подвлече Помпео во во својата изјава, без да именува никого.

Чешки анонимен државен службеник изјави дека е нејасно кој е одговорен за активноста која оваа граѓанска организација ја идентификувала но утврдено е дека станува збор за “сериозен и многу напреден непријател“.

Извор: Reuters

Share via
Copy link
Powered by Social Snap