Помалку од една четвртина од Русите и веруваат на телевизијата како извор на информации. Ова е ново рекордно ниско ниво на доверба во телевизијата како медиум за информирање, по претходното од 2016 година.

Според истражувањето на Делоит, објавено во весникот Комерсант, довербата на Русите во телевизијата како извор на информации достигна нов рекорден пад во 2020 година. За само една година, нивото на доверба во телевизијата како медиум опаднало за 5 проценти поени, на 23%. Според независниот руски медиум Медуза, ова е рекордно ниско ниво по 2016 година, годината кога компанијата почнала со редовни истражувања за следењето на медиумите.

РУСИТЕ ВЕРУВААТ ВО ИНТЕРНЕТОТ

Истражувањето исто така покажало дека Русите најмногу веруваат во интернетот. Околу 55% од испитаниците го сметаат за главен извор на информации. 39% од анкетираните изјавиле дека до информации за вести, како и аналитички и официјални веб-страници пристапуваат преку интернет, а 16% се потпираат на социјалните медиуми.

ИЗОБИЛСТВО НА ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Базата на податоци на проверувачот на факти EUvsDisinfo содржи многу примери за дезинформативни пораки кои се шират преку руските државни телевизиски канали, што укажува на причините за чувството на недоверба кое испитаниците го покажуваат кон телевизијата.

На пример, на почетокот на пандемијата на КОВИД-19, руските ТВ-канали тврдеа дека корона-вирусот е американска завера, дека е опасен само за „монголоидната“ раса, како и дека можеби вирусот е вештачки развиено биолошко оружје. Со овие манипулативни податоци се вршело влијание врз перцепцијата на луѓето за пандемијата.

 

Извор: EUvsDisinfo

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.