ОПИС

На 30-ти март извесен Драган Угриновски, кој што се претставува како претседател на „Тврдокорните“, бранител од 2001 година и член на Извршниот Комитет на Единствена Македонија , на неговиот личен профил на Фејсбук објавил текст во кој што се тврди дека карантинот од скоро три месеци не е поради коронавирусот туку поради фрлање смртоносен отров Сарин, испуштен по грешка од страна на американските војници на мисија во Авганистан кој што потоа се пренел во кинескиот град Вухан. Тоа е всушност генезата на појавата на коронавирусот.Овој пост го објави и порталот Три.мк во целост.

Две недели подоцна оваа „вест“ е повторно актуелна и се шири на големо на неколку портали со констатацијата дека Сарин е тоа од кое што умираат луѓе, а не коронавирусот и повторно се наведуваат САД како виновници за ситуацијата.

ФАКТ/И

Оваа вест е лажна и манипулативна од повеќе причини.

Како прво, примирјето меѓу САД и Талибанците се потпиша на 29 февруари, во периодот кога коронавирусот во Кина започна да опаѓа. Не е точно дека дошло до наводно излевање на Сарин по грешка, а уште помалку дека бил пренесен во Кина преку американските војници кои учествуваа на воените игри кои што се одржаа во Вухан во октомври 2019 година. Овој дезинформативен наратив, дека САД го донеле коронавирусот во Кина, започнува да се шири од Кина, која што беше и се уште е мета на критики за нејзиното управување со ситуацијата, и во нејзина полза беше да ја префрли вината на САД.  Оттука, доколку американските војници навистина биле изложени на протекување на САРИН, во зависност од степенот на изложеноста, истите веднаш би го загубиле својот живот.

Затоа овие теории на заговор не треба да се земат здраво за готово, особено кога доаѓаат од Кина, но токму во овој сегмент е направена и манипулацијата.

Обвинувањата кон САД, за наводен напад кон цивили со отровот САРИН во Авганистан не се нови, истите датираат уште од 2017 година. Но, овие тврдења не се точни бидејќи целта беше да се затскрие нападот со сарин врз цивилното население во Сирија, од страна на сириските вооружени сили на Башар ал-Асад кои се поддржани од Русија.

Така, од неколку полувистинити елементи, склопен е еден лажен наратив кој што наведува на лажна перцепција за САД како држава, но и за појавата на коронавирусот во целина.

Како се слични а сепак многу различни САРИН и КОВИД19

Симптомите на Ковид 19 се најчесто треска, сува кашлица, умор, воспалено грло, дијареја, главоболка, губење на вкус или мирис, осип на кожата, отежнато дишење, болка во градите или притисок, губење на говорот или движењето во некои случаи.

Но, овие симптоми предизвикаа многу мал процент на смртност. Од над 4 милиони заразени на глобално ниво, над 1.5 милиони оздравиле а само околу 300 илјади починале.Од друга страна, САРИН е крајно смртоносен хемиски агенс .  Најголем дел  од тие што се директно експонирани на САРИН, не преживуваат. САРИН не се пренесува, само тие што се директо експонирани на прашкастата смеса која што се пушта во воздухот во тој момент може да го загубат животот ако не се третираат веднаш.

Симптомитепредизвикани од САРИН според Организацијата за забрана на хемиско оружје на Обединетите Нации се:

Потење, заматен вид, главоболка, тешкотии во дишењето и повраќање, губење на контролата на телото, парализа на мускулите (вклучително и срце и дијафрагма) и несвестица.

Како светот го памети САРИН

Во 1995 година, светот слушна за смртоносниот ефект на САРИН по нападот  на метростаницата  во Токио. При тој напад, 13 лица кои што биле во директно изложени на дејството на САРИН, односно имале поблизок контакт, го изгубиле животот.

Дека нервниот гас Сарин се користел во војната во Сирија во 2017 година, од страна на сириската армија под контрола на Башар ал-Асад, потврдува и извештајот на Организација за забрана на хемиско оружје (OPCW). Овој нервен гас е забранет според сите меѓународни протоколи и закони, и затоа неговата употреба се смета како воено злосторство.

Јасна е разликата дека коронавирусот има симптоми и ефекти на тешка респираторна болест, со период на инкубација во просек од 5 дена, о,  но доколку сте изложени на дејството на САРИН симптомите се веднаш забележливи, и во зависност од степенот на изложеноста, може веднаш да настапи смрт.

Значи, според авторот на овој пост, војниците опфатени од смртоносниот САРИН преку Авганистан стигнале да спортуваат во Вухан и да заразат и други војници. Останува нејасно, како војниците кои биле изложени на овој смртоносен гас, преживеале, развиле корона и потоа стигнале во Вухан, па од таму почнала заразата. Со оглед на сите нелогичности, авторот се побива самиот себе.

Ова е очигледна манипулација со неколку факти и плод на многу богата фантазија која со сигурност ја надминува и најмрачната теорија на заговор.

Провери пред да споделиш, читај текст не само наслов.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.