СЕВЕРНА КОРЕЈА СО ИТНИ МЕРКИ ВО ПОГРАНИЧЕН ГРАД, ПО СОМНЕЖИ ЗА ПРВИОТ ПОЗИТИВЕН СЛУЧАЈ НА КОВИД-19

СEУЛ (Ројтерс) – Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун прогласил вонредна состојба, но и наредил карантин за пограничен град, откако едно лице е осомничено дека е заразено со коронавирус. Лицето се вратило од Јужна Кореја, откако нелегално ја преминал границата, јавија државните медиуми во неделата 26.07.2020.

 

Доколку се потврди, ова ќе биде првиот случај кој официјално е признат од севернокорејските власти.

Лидерот Ким Џонг-Ун свикал итен состанок со цел да открие како вирусот влегол во земјата“, објави државната КЦНА.

 

КЦНА не открива дали е тестирано лицето, но објавува дека се направени неколку лекарски прегледи, по што лицето и сите кои биле во контакт со него, се ставени во карантин.

 

Извор: Reuters

Share via
Copy link