ШЕФОТ НА СЗО ВЕЛИ ДЕКА Е УБЕДЕН ВО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ФИНАНСИРАЊЕТО ОД СТРАНА НА САД ВО БОРБАТА ПРОТИВ COVD-19

Tags: COVID-19PandemiaWHO
By април 14, 2020 април 17th, 2020 Corona, Other, Retrieved

Шефот на Светската Здравствена Организација (СЗО) во понеделникот (13.04.2020) изрази убеденост дека Соединетите Држави ќе продолжат да ја финансираат оваа Агенција на Обединетите нации, и покрај критиките од Американскиот Претседател Доналд Трамп за тоа како СЗО ја менаџира кризата со COVID-19.

Американскиот државен Секретар Мајк Помпео минатата недела изјави дека администрацијата на Претседателот Трамп ја пре-оценува финансиската поддршка до ова тело на Обединетите нации, додавајќи дека организациите кои се поддржани со парите на Американските даночни обврзници треба да испорачуваат повеќе.

САД е најголемиот донатор на СЗО кој е стациониран во Женева, придонесувајќи со повеќе од 400 милиони долари во 2019, или околу 15% од буџетот на оваа организација.

Тедрос Адханом Гебресиус, Генералниот Директор на СЗО, прашан од страна на американски новинар за најавите на Трамп дека би можел да го “прекине“ финансирањето оваа недела, изјави дека разговарал со него пред две недели.

“Тоа што го знам е дека тој изрази поддршка и се надевам дека финансирањето ќе продолжи. Нашиот однос е многу добар и се надеваме дека тоа ќе продолжи,“ изјави Тедрос.

Неколку дена откога Кина информираше за случаи на пнеумониа од непознато потекло на 31 декември, СЗО испрати аларм до сите земји чланки на 5 јануари, изјави експертот за исклучитело итни ситуации Др.Мајк Рајан.

“Од таа гледна точка информацијата беше споделена и многу соодветни активности беа превземени во САД како резултат на тој аларм“ – додаде тој.

Оргиналната статија можете да ја прочитате тука.

 

Целосно превземено од Ројтерс.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap