ШВЕДСКА ПОСЛЕДНАВА НЕДЕЛА ИМА НАЈГОЛЕМ БРОЈ СМРТНИ СЛУЧАИ ОД КОВИД-19 ПО ГЛАВА НА ЖИТЕЛ ВО ЕВРОПА

By мај 21, 2020 Other

СТОКХОЛМ (Ројтерс) – Шведска, земјата која се определи за поотворена стратегија во борбата против вирусот од другите европски држави, во последните седум дена има најголем број смртни случаи по глава на жител во Европа од болеста КОВИД-19, покажуваат податоците.

 

За време на пандемијата, Шведска ги остави отворени повеќето училишта, ресторани,  како и деловни активности кои останаа без рестрикции. Додека кај поголем дел од земјите погодени од коронавирусот,смртните случаи се во пад, Шведска бележи 6,25 смртни случаи на милиони жители дневно, во просек од седум дена помеѓу 12 и 19 мај, според Ourworldindata.org. Ова ниво е  највисоко во Европа, па дури и над просекот од Обединетото Кралство, кое имаше 5,75 смртни случаи на милион.

 

Во текот на пандемијата, Шведска сè уште има помалку смртни случаи по глава на жител од Велика Британија, Шпанија, Италија, Белгија и Франција,  земјите кои се определија за рестриктивни мерки, но, сепак многу повисоки од нордиските соседи Данска, Норвешка и Финска.

 

Извор: Reuters

Share via
Copy link