СКАНДАЛ Е ОБЈАВА НА ВЕСТИ БЕЗ ПРОВЕРКА НА ФАКТИ

Дезинформација бр:

#143

Дата:

07.06.2020

Извор:

vecer.mk

Време на читање:

4 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: СКАНДАЛ: 2/3 од добитниците на ваучер од владата се Албанци, 16% Македонци, Роми 11%…?

 

На 7 јуни 2020 година порталот Vecer.mk објави текст со наслов: СКАНДАЛ: 2/3 од добитниците на ваучер од владата се Албанци, 16 % Македонци, Роми 11 %…?.

Истата вест со речиси идентични наслови и содржини, беше објавена и од неколку други портали меѓу кои : Vesnik.comInfomax.mk. Zase.mkSignal.mkMagazin.mk.

Во текстот пишува дека: “близу две третини или 64 % од добитниците на владините ваучери за помош поради коронавирусот се етнички Албанци. Според инфографиката на Владата 16 проценти од добитниците се Македонци а по нив следуваат Роми со 11 %, Турци со 7 % и Бошњаци со 1 %. Објавената инфографика покажува дека ниту еден Влав или Србин нема да добие картичка за ваучер од Владата…

Ова го покажува докуменот ( фотографија со инфографика) кој се појавил на социјалните мрежи, а наводно потекнувал од владината електронска дата база.

Според изворот на инфографикот, наводно со овој план на Владата се прави обид за изборен поткуп преку идентификација на гласачи кои за возврат за добиен ваучер ќе го дадат гласот за СДСМ.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Фотографијата со инфографика која е приложена како “доказ” на која се повикале порталите кои ја објавиле веста, не потекнува од Владата и не претставува никаков владин документ или план од владината елетронска дата база.

На овие лажни информации, уште во текот на истиот ден реагираше Владата на РСМ со објава на својата официјалната фејсбук страна.

Во реакцијата се вели дека наводните бројки и квоти кои се пласираат преку одредени портали и преку социјалните мрежи не се точни, ниту пак можат да се пресметуваат на начинот на којшто се презентирани.

Листите на корисници кои ќе добијат домашна платежна картичка „Купувам домашно“ и ваучери за домашен туризам ќе бидат објавени во текот на следнава недела”.

Ваквите неточни податоци се тенденциозни, манипулативни и имаат цел да го дезинформираат населението. Граѓаните кои ќе ги добијат домашните платежни картички, како и ваучерите се граѓани на кои им е потребна помош за да ја пребродат кризата, како невработени лица, приматели на социјална помош и граѓани кои се со ниски месечни примања”.

 

На 10 јуни 2020 година е објавена конечната листа на веб страната www.kupuvamdomasno.gov.mk, а веќе се печатат и првите картички и наскоро ќе почнат да се издаваат на корисниците,  беше презентирано од страна на министерката за финансии, Нина Ангеловска. на прес конференцијата одржана на 10 јуни.

Таа изјави дека домашна платежна картичка ќе користат  324.479 лица. Картичките ќе бидат издадени најдоцна до 18 јули а треба да се користат најдоцна до 15 август.

 

Имајќи предвид дека во моментот кога бил објавен текстот, картичките се уште не биле доделени, може да се каже дека се работи за манипулативна вест, која има за цел да предизвика меѓуетничка нетрпеливост и поделба , и нарушување на односите.. Воедно се поттикнува и недоверба во институциите на системот.

 

Во случајот новинарите не се потрудиле да ја проверат информацијата од официјалните извори, туку само се послужиле со манипулативната фотографија, што е спротивно на Новинарскиот кодекс според кој точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 

Ваквите деизнформативни текстови се дел од еден опасен наратив кој меѓудругото има за цел да поттикне етничка нетрпеливост, како и недоверба во системот и процесите.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap