На 10 мај 2020, порталот Слободен Свет (Freeglobе.mk), објави вест со наслов: Снимка којамедиумите не ја објавуваат! Народот во Полска се крена против вакцинацијата.

Внатре во текстот пишува дека протестот се одржал против зaдолжителното вакцинирање и дека истиот протест не е пренесен од страна на медиумите. Се чини дека веста само е преведена од страна на српскиот портал Republika.rs, а на тоа упатува фактот дека видеото кое што е објавено во текстот е од јутјуб каналот на Република.рс. Набргу, истата вест објавена на српскиот медиум Republika.rs е избришана.

Се работи за лажна вест и обид за манипулирање бидејќи протестот кој што е прикажан во видеото се случил во 2017 година, кога по Полска се одржувале протести против реформите во правосудството. Исто така може да се види дека видеото кое што е објавено на Слободен Свет со датум 10.05.2020, може да се најде дека е објавено порано, односно на 24 јули 2017 година.

Дезинформацијата на Слободен Свет, е објавена и на нивната фејсбук страна. Понатаму од оваа ФБ страна линкот со истата е споделен на 6 фејсбук групи. Согласно нивниот број на следбеници/членови, истата стигнала до вкупен максимален број од 169,074 потенцијални следбеници. Опсегот, односно параметрите на дејствување на веста се движат од  3,381 до 10,990 следбеници. 

Забелешка: Алгоритамот на Фејсбук односно истражувањата поврзани со Опсегот (Organic reach) покажуваат проценти од 2% (за групи поголеми од 500.000 следбеници до 6.5% за групи со помалку од 500.000 следбеници). За потребите на оваа анализа земен е опсегот од 2% до 6.5%. Со оглед на популарноста на Фејсбук во Република Северна Македонија како и бројот на профили регистрирани на оваа Социјална мрежа, може да се потврди дека горенаведениот процент е многу поблизок до 6.5% отколку до минимумот од 2%.

За утврдувањето на опсегот е користена алатката CrowdTangle.

Исто така видеото е објавено и на фејсбук страната Исклучи Тв Уклучи Мозок каде што се вели дека протестите против вакцинацијата во Полска, траат веќе осум дена. Истото видео е шерувано над 1.800 пати, има 721 реакции и 90 коментари.

Она што исто така треба да се знае е фактот дека поради состојбата со коронавирусот во Полска се забранети протестите додека трае пандемијата. 

Во случајот за манипулирање и заведување на луѓето се користи видео кое што е старо три години и тоа во период кога се присутни теориите на заговор против процесот на вакцинација на луѓето.Влијанието во насока на манипулирање на јавноста е големо, што може да се види од големиот број споделувања на социјалните мрежи. Старото видео е споделувано и во регионот за што имаат пишувано и нашите партнери од платформата за проверка на факти  raskrinkavanje.rs.

Според нивните истражувања отркриено е дека истото видео се прикажувало и како наводен протест во Полска против “заклучување“, односно изолацијата поради коронавиурсот.

 

Но зошто се протестирало во Полска во 2017 година?

Протестите во Полска се одржале против реформите во судството со кои реформи власта би имала поголеми овластувања во изборот на судии додека исто така се предвидуваше и смена на сите судии од Врховниот суд.

Против ваквите реформи беше опозицијата која што повикуваше граѓаните масовно да протестираат.  Според нив реформите ќе доведат до целосно уништување на независноста на судиите и дека длабоко ќе ја поткопаат демократијата. Најголемите протести се одржaa во главниот град Варшава. Против истите закони беше и Европската Унија, бидејќи според нив, со тие закони се прави директно мешање на извршната во судската власт.

Ваквите протести траеја и во текот на 2018 и 2019 година, додека Полска неодамна донесе закон со кои се казнуваат судиите кои ги критикуваат ваквите реформи поради што и Европската Унија на крајот на април поведе правна постапка против Полска.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.