Теориите на заговор биле се поприсутни на глобално ниво во 2020 – ова го покажува студијата Советодавната група за јавна политика „Балканот во Европа“ - BiEPAG. Теориите на заговор не се новост, но трендот на нивната видливост е загрижувачки, осоебно поради голема подготвеност на илјадници луѓе да излезат на улица за да ги бранат таквите ставови. Токму поради овие факти, им се посветува огромно внимание. Покрај на глобално, овие теории се присутни и на регионално ниво, а особено Западниот Балкан е силно погоден од нив. Генерално, теориите на заговор придонесоа за недоверба во јавните политики и институциите во справувањето со пандемијата на КОВИД-19. Влијанието на теориите на заговор е мошне интензивно, се наведува во студијата.Западниот Балкан се смета за плодна почва за ширење на теориите на заговор Институциите се слаби и без доверба, но постои и предисторија на теории кои се размножиле во текот на 90-тите години. Теориите на заговор што се појавија и на Балканот и во другите делови на светот се засноваат на концептот на „Непријатели, односно Другите кои постојано работат против нас“. Нивната крајна цел е уништување на нацијата и идентитет, а скоро секогаш непријателот е обвинет за соработка со таканаречените „домашни предавници“.Со распаѓањето на Југославија и војната која следеше, теориите на заговор добија нова димензија. Секој ги обвинуваше другите  за она што им се случувало, и сите најдоа по една надворешна сила што ги поддржувала нивните непријатели. На листата на „внатрешни непријатели“ на новите постјугословенски држави се оние кои направиле заговор со Сорос (Отворено општество), со глобалните сили и Хашкиот трибунал. На овој начинј начин, комплексното минато и сегашност, стануваат полесни за толкување и прифаќање. Медиумите и водечките политичари од Западниот Балкан продолжуваат да ги шират теориите на заговор.Како стојат теориите на заговор на Балканот?На глобално ниво, се појавија низа теории поврзани со корона-вирусот, кои брзо се ширеа. Но, сите теории на заговор не се исти. Некои содржат елементи на вистина или би можеле да бидат вистинити, но не се докажани досега, така што верувањето во нив е на понизок степен на заговор отколку во оние кои се помалку веројатни.Меѓу теориите на заговор истражени во рамките на регионалното истражување на јавното мислење, најмалку неверојатна е теоријата со која се тврди дека вирусот произлегол од лабораторијата во Вухан, т.е. дека вирусот постоел подолго отколку што се знае јавно и дека Кина го сокрила неговото потекло. Помалку веродостојна е теоријата според која кинеската влада го создала корона-вирусот во лабораторија и поради тоа тој не е природен. Нема докази за ова тврдење, а многу индикации укажуваат дека станува збор за вирус кој еволуирал природно.Останатите четири теории на заговор кои се широко распространети, се крајно чудни: теоријата според која вирусот го раширила фармацевтската индустрија; теоријата дека американската влада го направила вирусот како биолошко оружје; поврзување на вирусот со 5Г технологијата; и, веројатно најневеројатната теорија, според која вирусот е проширен за Бил Гејтс да може да го чипира населението преку вакцините.imageВизибилитетот на теориите на заговор е на високо ниво, гледано глобално, но бројките во во Западен Балкан се особено високи. Од шесте најраширени теории на глобално ниво, три добиле поддршка кај половина од населението. Тоа се: кинеската влада го направила вирусот во лаборатории, фармацевтската индустрија е виновна за ширењето на вирусот и теоријата дека вирусот излегол од лабораторијата во Вухан.Просечно, скоро 80% од испитаниците од регионот веруваат во некоја од теориите на заговор. Истражувањето  открива дека ниту степенот на образование, ниту младата возраст, не претставуваат заштита од верувањето во теориите на заговори. Во некои земји, овие податоци се тесно поврзани со верувањето во теории на заговор, но ова не важи за земјите од регионот на Западен Балкан.imageГеополитиката и теориите на заговорНемнозинските етнички заедници во Црна Гора (Србите, Албанците и муслиманите/Бошњаците) и во Северна Македонија (Албанците) се посклони кон верувањето во теории на заговор од мнозинските етнички групи во овие земји. Резултатите сугерираат дека припадниците на малцинските заедници кои можеби се чувствуваат обесправени од страна на нивните влади, имаат помала доверба во владата, и поради тоа се посклони да веруваат во теориите на заговор насочени против нив. Ова укажува на фактот дека иако геополитиката игра улога, сепак ставовите на општествените и етничките групи кон теориите на заговор во регионот можеби може подобро да се објаснат преку внатрешната динамика во градењето доверба помеѓу власта и граѓаните.Конечно, во теориите на заговор повеќе веруваат евроскептиците: 60,6% од противниците на членството во ЕУ имаат силни ставови во прилог на една од теориите на заговор, наспроти 48,9% од еврофилите, значи разликата е скоро 12%.Ефектот на теориите на заговорВерувањето во теориите на заговор поврзани со пандемијата со КОВИД-19 не е само чудно убедување на неколку аутсајдери, туку тоа е закана која може да предизвика последици по јавното здравје. Повеќе студии покажуваат дека постои помала веројатност поддржувачите на теории на заговор да се вакцинираат откако вакцината ќе стане достапна. Како што имунизацијата станува сè по извесна, така станува сè појасно дека покрај дистрибуцијата на вакцината, подготвеноста на граѓаните за вакцинирањето е клучна за надминување на пандемијата. Ова е не е само за да се заштитат поранливите граѓани, туку и за да се овозможи целосно враќање на нормалното општествено и економско функционирање.Нивото на подготвеност на граѓаните од Западен Балкан да ја примаат вакцината, во периодот кога е изработено ова истражување (октомври 2020 година) е многу пониско од нивото на подготвеност во другите европски земји. Дури 53,4% од испитаниците во земјите од регионот одговориле дека сигурно или најверојатно нема да се вакцинираат, додека 39,2% сигурно или веројатно ќе се вакцинираат. Во Германија на пример, подготвеноста за вакцинација во истата временска рамка е 53,11%, во Австрија 45,12%, а во Франција 54%. Од Западен Балкан, Црна Гора има највисоки бројки за вакцинирање, каде 44,8% се изјасниле дека ќе примат или веројатно ќе примат вакцина. Идентификувана е силна корелација помеѓу верувањето во теориите на заговор и одбивањето да се прими вакцина.imageКако што се гледа од графиконот 3, во Северна Македонија скоро 55% се изјасниле дека нема да се вакцинираат (сигурно или најверојатно).Теориите на заговор се закануваат да ја загрозат ефикасната борба против пандемијата,  но и да ја поткопаат демократијата во регионот, довербата во државата, како и рационалното и научно поткрепено донесување на политички одлуки.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.