СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ: ЕКСПЕРТИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ПРИКРИВАЊЕТО НА COVID-19 ОД СТРАНА НА КИНЕСКАТА ВЛАДА Е ИСТО КАКО И ЧЕРНОБИЛ

By април 14, 2020 European Values

Отава/Лондон/Прага, 14. 4. 2020

Сто кинески експерти и искусни политички лица го потпишаа отвореното писмо во кое, прикривањето на COVID-19 од страна на Кинеската Комунистичка Партија, го опишаа како “Кинески Чернобил”. Групата на потписници на писмото, во која се вклучени и неколку светски водечки експерти за политиките, законодавството и модерната историја во Кина, тврдат дека владеењето на кинеската влада преку страв, ги загрозува кинеските граѓани но и светот.

Ова отворено писмо од страна на водечките ескперти за Кина, е одговор на друго отворено писмо испратено од страна на група на академци со седиште во Кина, која ги обвинува критичките мислења за “политизирање на пандемијата” со COVID-19. Овој наратив се повторува многу често од страна на портпаролите на владата на ККП, а во последно време и од страна на директорот на СЗО. Владата на ККП ја започна акцијата за задушувување на кинеските новинари кои критички известувале за кризата со COVID-19, а сега ги цензурира и научните истражувања за потеклото на пандемијата.

Меѓународните јавни личности, аналитичаририте и ескпертите за Кина, како потписници, се согласуваат дека:

 

  • Потеклото на пандемијата доаѓа од првичното прикривање и погрешното справување со ширењето на COVID-19 од страна на ККП и властите во Вухан.
  • Под влијание на Владата на ККП, Светската здравствена организација, првично ја има потценето пандемијата. Здравствените лица од Тајван наведуваат дека, при крајот на декември, СЗО ги ингорирала нивните предупредувања за пренесувањето на вирусот од човек на човек. Под притисок на владата на ККП, демократскиот Тајван, кој се справи со пандемијата на извонреден начин, моментално е исклучен од СЗО
  • Експертите за Кина и останатите потписници тврдат дека “Кинескиот Чернобил е самонанесена рана. ККП ги замолкна кинеските доктори кои сакаа да ги предупредат останатите здравствени професионалци уште во раната фаза од појавата на вирусот.
  • Експертите апелираат до странските влади “да се вклучат во критичкото оценување на влијание на политиките на ККП врз животите на кинеските граѓани и брз граѓаните во целиот свет”.

 

Ова писмо е потпишано од сто истакнати експерти во полето на политиката, историјата, законодавството и кинеските научни студии, од членови на Европскиот, Австралискиот, Естонскиот и Литванскиот Парламент, како и од членовите на Парламентот на Велика Британија. Ова писмо е лекторирано и преведено од страна на Др. Андреас Фулда од Школото за политика и меѓународни односи при Универзитетот во Нотингем, и е подржано од страна на три тинк-тенк институции за безбедносна политика: Мекдоналд Лориер институт од Отава, Хенру Џексон Општество од Лондон, и Центарот за безбедносна политика Европски вредности од Прага.

 

Прочитајте го писмото

Share via
Copy link
Powered by Social Snap