СПИН ПРЕТСТАВЕН КАКО “ШОКАНТЕН СТАВ” НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ

Дезинформација бр:

#213

Дата:

21.12.2020

Извор:

infomax.mk

Време на читање:

4 мин.

Оригинален наслов: Историјата е вишoк и не е потpeбна: Шoкaнтен став на 3aeв, наставниците што ќе останат без работа се нeбитни

На 21-ви декември 2020 година, порталот Инфомакс објави текст со наслов Историјата е вишoк и не е потpeбна: Шoкaнтен став на 3aeв, наставниците што ќе останат без работа се нeбитни.

Во содржината на текстот се повикува на изјава на премиерот Зоран Заев од прес конференцијата на 21.12.2020, пренесувајќи коректно само  дел од истата, но сепак изнесува заклучок дека, наводно Заев продолжува да ја шокира македонската јавност со своите политики со тоа што истакнал дека фузирањето на предметите во училиштата се користи за да се отстранат од образованието кои се небитни и вишок. Дополнително Заев наводно испратил порака до наставниците дека не е важно што некои од нив може да останат без работа туку дека важни се учениците.

Авторот на текстот прави целосно извртување на изјавата односно одговорот на Заев на новинарско прашање за реформите во образованието. Па согласно спинуваната изјава го изведува и насловот со кој “мами” читатели и поттикнува  незадоволство и недовреба во образовниот систем, како и генерално во институциите на Владата.

Во врска со реформите во образованието, одговорот на Заев на прес конференцијата интегрално го пренесуваме (01:01:50):

“Во делот на образованието неколку пати коментирав, ние мораме да продолжиме со реформите, се јавува едно ново време, модерно време на дигитализација, и осовременување, сите збориме дека се непходни реформи во основното образование, тие почнаа и во времето на министерката Дескоска и претходниот министер Арбер Адеми, сега продолжува и министерката Царовска, во такви околности она кое е предочено пред јавноста е модел на којшто ќе отвориме дебати. Веќе почнуваат да се организираат дебати, внатре во Владата во самите институции, надвор од Владата самата фела и слично. Да не заборавиме прво дека образованието постои заради учениците . Тој дел од дебатата каде што гледам дека се фаќаат засегнати наставници , ќе ми извинат, заради тоа што образованието постои заради учениците. Нашата намера не е да укинеме историја, географија биологија, физика, не. Фузирањето значи ефикасност, намалување на наставни содржини, кои што се вишок и не им се потребни , се со конечна цел да добијат дополнително можност за општествено- социјални дејности во рамките на школскиот период од денот, односно периодот кога децата го поминуваат во училиштата , а го загарантираме и детскиот живот  и дадеме навистина многу општествени содржини кои што ќе влијаат за развојот на карактерот на личноста на секое едно дете.Уште еднаш рековме, не брзаме со оваа работа, важна е, треба час поскоро да ја почнеме но ќе слушаме внимателно од сите што укажуваат за одредени промени, сугестии или слично. Тука е екеспертската јавност, тука ни се универзитетите, тука  се наставниците, професорите, учителите, но секако и стручните служби од Министерството за образование , Бирото за развој на образование, педагошката служба, и сите други институции релевантни и важни за ова прашање.

Очигледно е дека авторот изведува свој заклучок кој го базира извртувајќи го она што го изнесува Заев во својот одговор. Па така својот заклучок го припишува како “шокантен став” на Заев, со цел да ја манипулира јавноста и да поттикне незадоволство и недовреба во институциите на системот. Заев не кажува дека историјата е вишок и непотребна, ниту пак од изјавенoто може да се изведе заклучок дека за него се небитни наставниците што ќе останат без работа.

И  министерката за образование Мила Царовска, со цел да одговори на реакциите од јавноста предизвикани како резултат на дезинформациите што кружат во медиумскиот простор и на социјалните мрежи,  дава објаснувања  за тоа што значат престојните реформи, и за непотребна грижа кај граѓаните.

Интегрираните предмети не се новина во образованието во светот, ниту во нашиот образовен систем (таков пример е предметот природни науки до шесто одделение). Многубројни истражувања покажуваат дека интегрираните наставни програми им помагаат на учениците да ги согледаат врските помеѓу различни природни и/или општествени појави, да го поврзат тоа што го учат со секојдневието и да развијат вештини за доживотно учење.

Интегрираните наставни програми, не значат неквалитетна настава, туку напротив  позитивно влијаат на постигањата на учениците и им овозможуваат да го користат наученото и надвор од границите на определен предмет, да го користат своето знаење креативно и да развијат критичка мисла и ефективни стратегии за учење.

Сите наставници остануваат на работа бидејќи севкупниот број на часови во наставниот план не е намален.

Извртувањето/изобличувањето како техника за дезниформирање се користи кога некому не му се допаѓаат фактите. Граѓаните се збунети од тие  “информации”   и  лесно се доведуваат во заблуда да веруваат во тоа што ќе го прочитаат, без притоа да ја проверат точноста на истите.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap