ЛОНДОН (Ројтерс) –Евтин и широко употребуван стероид, наречен дексаметазон веројатно е првиот лек кој може да помогне да се спасат животите на пациентите, кои се сериозно болни од КОВИД-19. Научниците  сметаат дека ова е „голем чекор напред“ во пандемијата  со коронавирусот.

Резултатите од испитувањето објавени во вторникот 16.06.2020 покажуваат дека дексаметазон, кој се користи за намалување на воспалението кај други болести, како што е артритис, придонел кон намалување на стапката на смртност за околу една третина кај најтешките пациенти со КОВИД-19 кои биле хоспитализирани.

Прелиминарните резултати сугерираат дека лекот треба веднаш да стане стандардна нега кај пациенти кои се тешки случаи, како резултат на коронавирусот,  сметаат истражувачите кои ги воделе испитувањата. Истражувачите откриваат дека ќе работат на објавување на целосните детали за студијата што е можно поскоро, а некои научници истакнале дека сакаат сами да ги разгледаат доказите.

Според научниците, лекувањето со мала доза на стероидот покажува добри резултати во борбата против смртоносниот вирус. Тој го намалил ризикот од смрт кај третина од пациентите на респиратори, а кај тие со кислородна поддршка, ги намалил смртните случаи за една петтина.

 

Извор: Reuters

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.