СТИГМАТА НА КОВИД – 19

Симптомите исчезнуваат, животот се враќа во нормала, при што лицето се враќа во кругот на семејството и пријателите. Наративите треба да ја пренесуваат пораката: „Јас сум исто како тебе!“ И покрај заразата и болеста, човекот пред сѐ, е фундаментално живо битие и заслужува да биде третиран со достоинство како сите други.

Пред неколку дена, мајка ми и јас, сретнавме жена која изнемоштено поминуваше покрај нашиот двор, Сонцето ѝ ја одземаше енергијата па ѝ понудивме шише вода. Одржувајќи ја оддалеченоста таа нè погледна, и првото што го рече беше: „Имате ли болен човек во вашата куќа?“ Збунети ја прашавме на што мисли, а таа образложи: „Откако се случи пандемијата немам контакт со никого, никогаш не знаете кој е заразен, а кој не. Дури и кога велат дека се излечени, јас не им верувам.“ Мајка ми и јас и одговоривме дека немаме здравствени проблеми, на што рече дека е среќна што го слуша тоа и си замина.

Средбата со жената, ме инспирираше да истражувам подлабоко во светот на дезинформациите низ социјалните медиуми, што даде плод на нова болест наречена – стигмата на Ковид – 19.

Првиот случај на кој наидов, беше оној на 21 Март, за едно четиригодишно девојче кое се вратило од Англија во Штип, таа појавила симптоми на вирусот а и тестот бил позитивен. Таткото на девојчето, при разговор со Македонската Информативна Агенција (МИА), ги негираше шпекулациите објавени за девојчето на социјалните медиуми и во вестите,и побара да се стави крај на говорот на омраза и дезинформацијата за овој случај.

„Моето дете не е дојдено од Англија со симптоми, како што тврдат одредени медиуми или како што ги гледам коментарите на социјалните мрежи. Ние сме Британски државјани и имаме здравствено осигурување во Англија. Револтиран сум што секакви дезинформации има околу нашиот случај. Одговорно ви тврдам дека од градинката во Англија, добивме мејл во вторникот, во кој не известуваат да се прегледаме бидејќи имаат случај на заболен родител на дете во градинката каде што беше згрижена и мојата ќерка”, изјавил тој за МИА.

Друг случај што ми го привлече вниманието беше еден доктор, истотака од Штип, кој рече дека не може да остане рамнодушен додека се шират лаги за него во јавноста. Во своето обраќање на Фејсбук, тој среќно објави дека неговата сопруга и ќерка се негативни по тестот за коронавирус, но дека за жал нивните телефонски повици не престанале да ѕвонат, а коментарите на социјалните медиуми не биле лесни за издржување:
„Чувствувам одговорност со Вас да ги споделам сите детали, за да конечно престанат лагите коишто секојдневни не трујат и имаат за цел, да не дискредитират и како професионалци и како луѓе!“

Вистината е дека сме во неизвесна ситуација. Збунетоста се влошува кога некои луѓе јавно и гласно се прашуваат дали станува збор за вистинска закана или измама извршена од некој сегмент од општеството. Забуната е основа за стереотипи, предрасуди и дискриминација. Луѓето како суштества имаат длабока потреба да разберат „зошто се случува“ некој настан, а особено кога се работи за необична и заканувачка случка. Зошто пандемијата на коронавирус го мачи светот? Кој е виновен?

Стигмата се јавува кога вирусот и лицето со вирусот се во внатрешен конфликт,особено кога ќе го смениме прашањето од – што треба да се обвини, во – кој треба да се обвини. Повеќе годишните истражувања на психолози и научници покажа дека стигмата на ментални и физички заболувања може да биде исто толку штетна како и самите симптоми.

Кој ќе биде жртва на стигмата на коронавирусот? Луѓето чии тестови за вирусот се позитивни или тие што покажуваат симптоми? Ервинг Гофман гледа на овие луѓе како да имаат „расипан“ или „валкан“ идентитет што ги оправдува предрасудите против нив. Семејствата и пријателите на идентификуваните пациенти исто така може да бидат стигматизирани[1]. Институциите бараат физичка дистанца како примарна алатка за израмнување на кривата и намалување на стапката на инфекцијата. Препорачано е луѓето да одржуваат физичка дистанца до два метри, како минимално правило. Ризикот од стигма се јавува кога растојанието од вирусот е збунето со растојанието од заболената личност.

Па, што да правиме за стигмата за време на пандемијата? Прво и најважно е да се крене свеста кај луѓето. Непочитувањето и дискриминацијата поради КОВИД-19 не е во ред исто како и сите форми на расизам, сексизам и ејџизам.

Овој вид на стигматизација им штети на луѓето со КОВИД-19 на три начина. Прво е јавната стигма, штета што резултира кога луѓето ги одобруваат стереотипите за лицата со КОВИД-19 („тие се валкани“) што доведуваат до дискриминација: неконтактирање со луѓе кои го преживеале вирусот, нивно исклучување, или неконтактирање. Втора е само-стигматизирање: луѓето ги присвојуваат стереотипите и се чувствуваат задушени или валкани бидејќи биле болни. Доволно е тешко справувањето со вирусот и згора на тоа, тие се натерани да се срамат од себе.

Трето, е она што се вели избегнување (бегање) на етикетата (стигмата). Гофман рекол дека стигмата е очигледен и забележлив белег, дека јавноста е склона да дискриминира. На пример, Афро – Американците поради бојата на кожата, жените заради типот на телото и постарите граѓани поради сивата коса. Ознаката на повеќето стигматизирани здравствени состојби е различна затоа што е скриена, не може да се каже, на пример, кој во просторијата од стотина луѓе е позитивен на коронавирусот. Стигмата за здравјето произлегува од етикетата. „Еј, тоа е Марк и тој има коронавирус.“ И етикетите најчесто се појавуваат поради различните искуства со тестирање и третман. „Само што го видов Марк како се оддалечи од инфективна. Тој мора да е заразен! “ Луѓето по секоја цена ќе се обидат да избегаат од етикетата и од било каква поврзаност со таа болест.

Поради избегнување на етикетата, тие ќе изберат да не бидат тестирани или нема да се изолираат сè додека не ги добијат резултатите.

Митовите за болеста се намалуваат кога луѓето учат за фактите на пренесување, процес и третман. Секој може да биде дел од овој обид да се спречи стигмата преку проверување на информациите и споделување преку социјалните медиуми. Ова најдобро се постигнува со проверување на веб-страниците на официјалните здравствени центри / институции / агенции кои сега имаат редовни објави за информирање на јавноста.

Покрај тоа, сите го промовираат информирањето и кревањето на свеста со тоа што граѓаните се предупредени за можни дезинформации. Постојат неколку веб-страници кои објавуваат дезинформации за КОВИД-19 кои не се поддржани со факти. Ова води до битка на мислења, наместо размена на знаење. Наместо тоа, порталите треба да споделат написи поддржани со докази за случувањата во врска со пандемијата, со тоа охрабрувајќи ги читателите да размислат за себе.

Според Пси.Д-р. Патрик Кориган, Уредник на списанието Стигма и Здравје, на Американското Здружение на Психолози, ефективни приказни за контакт со луѓето се состојат од два дела: едното е искуство од горе – надолу, а другото е добивање на реални резултати од долу – нагоре.

Кај искуство од горе – надолу наративот се состои од процесот на дијагностицирање на болеста и стравот што го предизвикува, загриженоста за заразување на други и предизвиците на симптомите. Додека реалните резултати долу – нагоре ја покажуваат реалноста на закрепнувањето, дека симптомите исчезнуваат, животот се враќа во нормала, при што лицето се враќа во кругот на семејството и пријателите. Наративите треба да ја пренесуваат пораката: „Јас сум исто како тебе!“ И покрај заразата и болеста, човекот пред се е фундаментално живо битие и заслужува да биде третиран со достоинство како сите други.

Анти-стигма кампањата мора да продолжи и по завршувањето на пандемијата. Всушност, долготрајните ефекти на ставовите кај луѓето што се тестирале позитивно може да бидат трајно наследство на светската инфекција. Во атмосфера на страв и збунетост, стигмата станува трајна дамка кај луѓето поврзани со болеста.

 

Мерал Мусли Тајроска – психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.

 

Извори: Psychology Today

 

[1] https://www.psychologytoday.com/intl/blog/the-stigma-effect/202004/the-stigma-covid-19

Leave a Reply

Share via
Copy link