СТОЛТЕНБЕРГ: ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ПРАВАТ ПОДЕЛБИ ВО АЛИЈАНСАТА И ЕВРОПА

На вонредниот состанок на министри за одбрана на НАТО во текот на денот вчера (15.04.2020) се разговараше за низа аспекти поврзани со пандемијата предизвикана од COVID-19, се истакнува во соопштението објавено од страна на НАТО. Министрите за одбрана, преку видео конференција, разговарале за долгорочните последици од пандемијата COVID-19 наглаувајќи дека Алијансата и земјите членки мора да се подготват за тоа.

Во своето обраќање, Генералниот Секретар на НАТО истакна дека од исклучителна важност е борбата против дезинформациите кои доаѓаат од страна на државните актери но, и оние кои доаѓаат од актери кои не се поврзани со државата.

Целта на овие дезинформации е да се направат поделби во Алијансата и во Европа и да ги поткопаат нашите демократии– истакна Столтенберг.

Работиме одблизу да се спротивставиме на овие лажни наративи и факти со конкретни акции. Исто така, работиме одблиску со сојузниците и Европската Унија да ги идентификуваме, мониторираме и разобличиме дезинформациите, и да имаме силен одговор на нив – заклучи Столтенберг.

Исто така, предвид биле земени низа аспекти како што се падот на економијата која отвора можност за инвестиции во клучните гранки од страна на сомнителни инвеститори, кои на долг рок може да ја поткопаат безбедноста и стабилноста на алијансата.

„Некои може да се обидат да го искористат економскиот пад како можност да инвестираат во нашите клучни индустрии и инфраструктури, што може да влијае врз нашата долгорочна безбедност и можноста да се справуваме со следните кризи кога ќе се случат” – изјави Столтенберг.

Во врска со тоа како Алијансата досега одговарала на пандемијата, Столтенберг информираше дека се реализирани повеќе од 100 мисии за транспорт на медицински персонал и материјали, дека е асистирано во поставување на 25 полски болници, обезбедени се повеќе од 25.000 болнички кревети, а повеќе од 4.000 воен медицински пероснал е распореден како поддршка на цивилните напори за справување со пандемијата.

 

Комплетниот излагање можете да го прочитате тука.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap