СТРАТЕШКИОТ БОМБАРДЕР Б-52 ЌЕ ИЗВРШИ ПРЕЛЕТ НА ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЕДИНСТВЕНО НА ДЕНОТ ЗА ВИСОКИ ГОСТИ.

Дезинформација бр:

#57

Дата:

07.06.2019

Извор:

Infomax.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов на статијата: ОД УТРЕ НУКЛЕАРЕН БОМБАРДЕР ЌЕ ЈА НАДЛЕТУВА МАКЕДОНИЈА: На Криволак започнува посериозните содржини на воената вежба Одлучен Удар.

 

Порталот Инфомакс, во својот наслов наведува учество на борбените авиони на Американската авијација.  Понатаму, во текстот дава податоци за бројот на учесници и кои држави учествуваат, како и типот на вежби и опрема која ќе се користи. На крајот, наведува дека ќе учествуваат и 3 борбени авиони на Американските воздухопловни сили.

линк до оргиналната статија: Инфомакс

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Насловот на статијата е манипулативен и делува застрашувачки за читателите, а информациите во понатамошниот дел од текстот се свесно погрешно претставени. Оваа објава е дел од анти-НАТО наративот кој извесно време се развива од разни портали од Република Северна Македонија и пошироко, а за што тимот на F2N2.mk и претходно пишуваше.

Порталот Инфомакс, во својот наслов, но и во понатамошниот текст, тврди дека од утре (08 јуни 2019) нуклеарен бомбардер ќе ја надлетува Република Северна Македонија. Податоците кои се однесуваат на бројот на учесници, земјите учесници, како и опремата која ќе се користи се точни. Но, направен е спин во насловот и последниот параграф од текстот, со цел да создадат чувство на загриженост и несигурност кај граѓаните.

Во периодот од 05 јуни до 09 јули 2019 година, на армискиот полигон Криволак, се одржува досега најголемата национална теренска вежба со учество на  повеќе од 2,700 војници од 5 земји-членки на НАТО и Република Северна Македонија. За подетални информации посетете го следниот линк.

Американскиот бомбардер Б-52, e стратешки бомбардер на американските воздухопловни сили кој е технички опремен да носи разни видови на бомби, вклучувајќи и нуклеарни бомби. Имено, бомбардерот Б-52, придружуван од два борбени авиони од типот Ф-16,  ќе учествуваат единствено на Денот за високи гости (17 јуни 2019 година) за кога е предвидено да направат прелет во воздушниот простор на Република Северна Македонија. Имено, тимот на F2N2 веќе извесно време го следи и анализира овој анти-НАТО наратив, за чии потреби беше побаран и официјален став од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија во кое, меѓу другото беше наведено дека “…Бомбардерот од типот Б-52 ќе изврши прелет единствено на Денот за високи гости, ден на кој прелет ќе имаат и авионите од типот Ф-16.”

 

Тимот на F2N2 го цени овој текст како манипулативен и претставува дезинформација бидејќи не е наведен ниту еден извор на информации на кои тие се повикуваат.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap